„Форбс“ објави листа на 10 најперспективни градови на Русија

Патувања
RUSSIA BEYOND
Москва беше надвор од конкуренција, но првото место не му припадна на Санкт Петербург.

Според руското издание на магазинот „Форбс”, Нижни Новгород е најперспективниот град во Русија, со оглед на напредокот што го постигна во последните десет години во однос на урбанистичкото планирање, културата и квалитетот на животот.

Овој град на брегот на Волга беше домаќин на важни национални и меѓународни настани. Беше еден од домаќините на Светското првенство во фудбал 2018 година, а е домаќин и на познатиот фестивал за електронска музика под називот Alfa Future. Покрај тоа, ја доби и главната награда во областа на современата уметност „Иновација“, која првпат му припадна на град а тоа да не е Москва. Поддршката на локалните претприемачи е уште една причина зошто Нижни Новгород се најде на прво место.

Санкт Петербург, претставен како срцето на алтернативната култура, се најде на второто место. Некои од најуспешните проекти го вклучуваат комплексот Нов Холандија.

На третото место се најде Казањ, главниот град на Татарстан, кој доживува забрзан развој на јавните места: парковите, плоштадите и другите зелени површини. Казањ стои зад голем број амбициозни архитектонски проекти, меѓу кои се истакнува изградбата на идната Национална библиотека на Татарстан.

Четвртото место му припадна на Екатеринбург, град во кој посебно се издвојува неговото Уралско индустриско биенале. Следуваат Владивосток, главниот град на рускиот Далечен исток, препознатлив по своите иновативни уметнички и архитектонски проекти, и Краснојарск во Сибир, каде што се одржа првото руско биенале на современата уметност.

Тула, град со само 500000 жители, може да се пофали со дури три уметнички кластери, како и со сѐ поголемиот број ресторани и барови.

Јарослављ се најде на осмото место и тоа благодарение на проектот Textil кој овозможи препород на еден напуштен кварт на овој град од „Златниот прстен“.

Претпоследното место го зазеде Кострома, кој се одликува со развој на трговијата и дизајнот, како и со зачувувањето на неговото несекојдневно наследство. На последното место се најде Иркутск, кој започна со целосна ревитализација на своето историско јадро.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Некогаш и сега: Руски градови во предизвик #10години