Санкт Петербург
Николај Гингазов/Getty ImagesЕкспертите на туристичкиот портал Aviasales анкетираа 120000 корисници и дознаа кои руски градови најмногу ги потсетуваат на Европа. Најпрвин беа испитани корисниците на социјалните мрежи, потоа беше направен список со најчестите одговори, и на крај ранг-листа.
Во анкетата 50% од испитаниците гласаа за „северната престолнина“ на Русија, т.е. за Санкт Петербург.
Според интернет-корисниците, „петербуршката архитектурата се издвојува од останатите места во Русија“. Туристите велат дека овој град особено наликувал на Европа минатата година за време на Светското првенство во фудбал. „Во центарот на градот имавме чувство дека сме некаде во странство“.
Катедралата во Калининград
Евгенија Новоженина/РИА НовостиПовеќе од третина испитаници (34%) се чувствуваат „како во Европа“ кога се во Калининград. Таму е зачувана пруската архитектура. Љубителите на патувањата истакнуваат дека граѓаните на Калининград и по менталитетот се разликуваат од жителите на другите руски градови.
Десет проценти од граѓаните на Русија сметаат дека Казањ исто така личи на Европа. Тоа е уреден и убав град со модерни кејови и средновековни зданија, добри патишта и развиена инфраструктура. На територијата на казанскиот кремљ (градската тврдина) има православни храмови, џамија и една од највисоките криви кули во Европа.
Казањ
Сергеј Фомин/Global Look PressОстанатите шест проценти гласаа за Јошкар Ола, главниот град на руската република Мариј Ел. Според една туристка, „кејот во центарот на градот изгледа како куќичка од медени колачиња и по нешто потсетува на Амстердам“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче