Главниот град на Русија е и најголем руски град. Во Москва, според официјалните информации живеат „само“ 12.5 милиони луѓе, но локалното население смета дека овој број би можел да биде многу поголем. Како прво, Москва секоја година сè повеќе се шири. Во последниве години е зголемена за речиси двапати, за сметка на просторот кој денес се нарекува Нова Москва. Како второ, официјалната статистика не ги вклучува луѓето кои живеат во околината на руската престолнина, но кои секојдневно патуваат во градот. Вкупниот број луѓе во Москва би можел да биде многу поголем од 20 милиони. А, во Москва од другите региони и од другите земји секој ден доаѓаат сè повеќе и повеќе луѓе.
Пред 1917 година овој град во кој започнала Револуцијата бил главен град на Руското Царство. Русите денес го нарекуваат „културна престолнина“. И тоа е сосема точно, градот е познат по своите музеи (Ермитаж е еден од најдобрите музеи во светот), по театрите (Мариинскиот театар е балетски и оперски, а Александинскиот е драмски) и по класичната европска архитектура. Покрај тоа, дождливото време и бројните мостови го прават Санкт Петербург најромантичен град во Русија!
Новосибирск, најголемиот град во Сибир и трети по големина град во Русија, е важен транспортен јазол. Историјата на овој град е поврзана со изградбата на Транссибирската железница. Новосибирск е една од најважните станици на патот до Владивосток. Познат е по својот Театар на операта и балетот, еден од најдобрите во Русија, како и по најдолгиот мост на светот во рамките на системот на подземната железница.
Да појдеме сега на Урал, во индустриското срце на Русија. Со векови луѓето тука копале руда, јаглен, сол и малахит. Постојат многу големи руски градови кои се поврзани со ваквата индустрија, но Екатеринбург е најголем, основан во 18 век околу железарницата и е наречен во чест на царицата Екатерина Прва. Дури и во метрото се нагласува историјата на Екатеринбург: станицата Геологическаја е украсена со слоеви земја, во разни бои, направена од полускапоцени камења најдени во споменатиот масив.
Потребни се само четири часа пат со воз од Москва за да стасате во Нижни Новгород на реката Волга. Овој древен град често се споменува како трети главен град на Русија. Основан во 12 век, Нижни Новгород се гордее со добро зачуваните примероци на уникатната словенска архитектура, а особено со своето прочуено кале од црвена тура. Градот во советско време го добил името по писателот Максим Горки, кој во него го поминал своето детство. Доколку се возите до брод по реката Волга, невозможно е да не го забележите овој град!
Главниот град на Република Татарстан е еден од најстарите руски градови. Основан на почетокот од 11 век, Казањ е преполн со интересни знаменитости. Тука постои кале од бела тула, тука е Сујумбикината кула и џамијата Колшариф, втората по големина во Русија (најголемата џамија се наоѓа во Грозни, главниот град на Чеченија). Но, Казањ задолжително морате да го посетите и поради фантастичната кујна! Покрај ечпочмак (печиво со триаголен облик полнето со мелено месо и компир), чак-чак (десерт од тесто со мед), шурупа и пилав во овој град дефинитивно нема да останете гладни.
Концентрацијата на металуршки и инженерски погони во овој град на Урал е толку голема што локалното население го нарекуваат Чељабинск „најжежок“ град во цела Русија. Интересно е што животното прикажано на официјалниот грб на градот е камила, како потсетување дека Чељабинск во 18 век бил трговски, а не индустриски центар.
Според легендата, златните резерви на Руското Царство за време на Граѓанската војна биле скриено во овој стар сибирски град. Гласовите велат дека богатството е сè уште закопано некаде во шумите на тајгата, но никој не е доволно луд да оди таму и да се обиде да го најде. Самиот Омск е пријатен руски град со традиционална архитектура, со широката река Иртиш и со многу ресторани со богата локална храна (пељмените тука се главни).
Овој град на реката Волга беше еден од домаќините на Светското првенство во фудбал во 2018 година. Долг околу пет километри, самарскиот речен насип е еден од најдолгите во Русија, начичкан со кафулиња, урбани градини, а тука е и една од најстарите руски пиварници која се вика Жигули. Во центарот на градот ќе видите џиновска вселенска ракета – првата ракета Р-7 направена во 1984 година во Самарскиот ракетен центар и подиган е во 2001 година во чест на годишнината на мисијата на Гагарин во вселената.
Ростов на Дон е татковината на руските козаци – ако сакате да проникнете во нивната култура, ова е вистинска дестинација за вас. Тука сè потсетува на нивните корени, од новиот аеродром, наречен по атаманот Матвеј Платов, до локалните ресторани, изградени во стилот на традиционалните козачки куќи. Покрај тоа, Ростов на Дон, е модерен град со неповторлива атмосфера.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче