Најголемата светска база за квалитет на животот го избра најповолниот за живот руски град

Нижни Новгород

Сергеј Фомин/Global Look Press

Сервисот Numbeo, онлајн база на податоци за цени, состави список со најдобрите за живот градови на светот.

Најдобар резултат меѓу руските градови покажа Нижни Новгород – 109 место. Санкт Петербург (најпривлечниот за туристи руски град во 2018 година) е на 182 место, Москва на 191, Екатеринбург на 199 и Новосибирск на 206.

При правењето на овој рејтинг на градови се земени предвид индексот на куповната моќ на жителите, цените на закуп на недвижнини, индексот на потрошувачките цени, безбедноста, здравството, сообраќајот, загадувањето и климата.   

На врвот на списокот од 226 градови во светот се Канбера, Ајндховен, Рали (Северна Каролина, САД), Аделаида и Цирих.

Прочитајте повеќе: Топ-10 руски градови за живот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња