Историскиот центар на Санкт Петербург е специфичен од повеќе причини. На пример, поголемиот дел од неговите споменици се подигнати во 18 век за кратко време, така што во градот брзо се почувствувал мошне динамичен културен живот. Покрај тоа, УНЕСКО ретко става на својот список на објекти од светското наследство населени територии од типот на поранешната престолнина на Русија.
Зошто е уникатен? Ова е едно од најголемите населени објекти од светското наследство на УНЕСКО.
Ова место постои уште од 17 век. Храмот на Преображението Господово има 22 куполи, а Храмот на Покровот на Пресвета Богородица 9 куполи. И едниот и другиот се изградени исклучиво од дрво. Штичките се споени и се држат без ниту еден клинец.
Централното место во главниот град на Русија (во историска и во архитектонска смисла) го заземаат прочуените објекти околу Црвениот плоштад – Кремљ, трговскиот центар ГУМ, Храмот на Василиј Блажени и Историскиот музеј.
Зошто е уникатен? На поранешниот градски пазар се наоѓа и прочуениот православен храм, а во негова близина е мавзолејот на водачот на болшевиците... Да не го споменуваме сето останато.
Стара Русија никнала во Новгород, прочуениот трговски град кој бил центар на Новогородската република. Сега ова е позната туристичка дестинација која нуди извонредни можности да се доживее атмосферата на средновековна Русија.
По што е уникатен? Ова е единствениот голем староруски град кој не бил зафатен од татарската наезда, така што во него се најдобро зачувани средновековните населби.
Соловецкиот манастир спаѓа меѓу најпрефинетите примероци на православната архитектура во Русија со мошне убави градби од камен и дрво. Со сила е ослободен во 17 век кога го зазеле расколниците. Подоцна, во 20 век, бил преуреден во затвор каде животот го изгубиле многумина верници и невини жртви на теророт.
По што е уникатен? Изграден е како моќна тврдина (во 18 век на армијата ѝ биле потребни 8 години да го ослободат од група староверци кои го зазеле). Денес ова место повторно функционира како манастир.
Руските градови Владимир и Суздаљ во својата околина имаат осум древни објекти направени од бел камен. Тоа биле важни центри на средновековна Русија. Храмот на Успението на Пресвета Богородица и Златните порти во Владимир се подигнати уште пред наездата на Татарите и затоа се мошне специфични.
По што се единствени? Овие културно-историски споменици се толку стари што не може со сигурност да се каже кој ги изградил. Историчарите сметаат дека ѕидарите биле веројатно Европејци кои ги ангажирале руските кнезови.
Троица-Сергиевата лавра, подигната во 14 век, е најголем и најважен монашки објект во Русија. Овој податок, за волја на вистината, им е познат на малкумина.
По што е уникатен? Манастирските ѕидини се градени од 15 до 18 век.
Ова е најстариот зачуван руски храм од камен со конструкција во облик на шатор. Се наоѓа на исклучително убаво место од кое се дава поглед на јужниот дел на Москва. Спаѓа меѓу најзначајните руски споменици од 16 век.
По што е уникатен? Го проектирал италијански архитект, а храмот е подигнат во чест на раѓањето на Иван Грозни (1529-1584).
Подигнат е по нарачка нa Иван Грозни на местото на старата тврдина на Казањскиот хан кој е урнат кога Грозни го зазел Казањ во 1552 година. Тврдината содржи артефакти кои потекнуваат од 10 век.
По што е уникатен? Се смета дека Казањскиот кремљ го изградиле Постник и Барма, истите оние што го проектирале и Храмот на Василиј Блажени во Москва.
Ферапонтовиот манастир, основан кон крајот на 14 век, бил место на прогонство на великодостојниците на Руската православна црква, меѓу кои најпознат е патријархот Никон. Манастирските објекти се мошне добро зачувани, а малиот, убаво уреден амбиент остава впечаток како времето да запрело. Тука може да се добие претстава за тоа како изгледале руските манастири пред неколку стотина години.
По што е уникатен? Во манастирот се чуваат извонредни фрески на Дионисиј, прочуен руски иконописец (крај на 15 и почетокот на 16 век).
Градот Дербент денес се наоѓа во руската република Дагестан. Порано ова бил важен стратешки град долж северната граница на големото Сасанидско царство (од 3 до 7 век). Ѕидините на Дербент, вклучувајќи го и бедемот дебел 7 метри и утврдувањето подигнато уште пред доаѓањето на Арапите, го штителе овој град 15 века.
По што е уникатен? Бедемите на Дербент се единствените древни персиски фортификациски објект на светот кој останал недопрен. Џума џамијата во овој град е најстарата во Русија.
Новодевичиот манастир има одиграно важна улога во руската историја. Наполеон го опустошил во 1812 година. Манастирот често го посетувале членовите на царското семејство. На манастирските гробишта се погребувани членовите на царското семејство и на свитата.
По што е уникатен? Новодевичиот манастир е еден од најдобрите примероци на недопрениот барок од 17 век во руската архитектура.
Јарослављ е основан на местото каде реката Которосл се влева во Волга. Уште од 11 век овој град бил голем трговски јазол. Но, за среќа неговиот историски центар останал недопрен и покрај индустрискиот бум. Кон крајот на 18 век е преуреден во согласност со серуската реформа за градски амбиент која ја започнала Екатерина Велика, а коjа е спроведувана од 1763 до 1830 година.
По што е уникатен? Центарот на Јарослављ е извонреден пример за културната размена помеѓу Русија и Западна Европа.
Струвеовиот лак е мрежа од тригонометриски точки кои имаат верижен облик, минува низ десет земји и опфаќа над 2.820 километри, од Хамерфест во Норвешка до Црно Море. Првобитно бил составен од 258 триаголници, а денес се зачувани само 34 точки.
По што е уникатен? Мрежата ја користел рускиот научник од германско потекло Фридрих Георг Вилхелм фон Струве од 1816 до 1855 година за да ја измери точната големина и обликот на Земјата.
Болгар е град во руската република Татарстан. Порано бил престолнина на Болгарија, древна држава на Волга која постоела од 7 до 15 век. Го зазеле Татарите и го претвориле во престолнина на Златната орда. Градот со своите древни исламски монументални споменици и денес е место на поклонение на Татарите кои исповедаат ислам.
По што е уникатен? Историскиот комплекс Болгар го одразува минувањето на туранската, угро-финската и словенската традиција во една престолнина.
Овој манастир е подигнат со цел да се покаже моќта и културата на Московската држава во времето кога Иван Грозни го освојувал Казањ. Воедно е користен и како база од која проповедниците го ширеле православното христијанство кај Татарите.
По што е уникатен? Успенскиот храм е монументален. Целиот ансамбл е сплет на традиционалната псковска архитектура и на градежните методи од брегот на Волга, додека фреските на Успенскиот храм спаѓаат меѓу најретките примероци на источниот православен фрескопис на светот.
Градот Херсонес на Крим е древна грчка колонија, основана пред 2.500 години. Во текот на два милениуми ова било најважното гратче северно од Црно Море. Зачувани се остатоци од римскиот форум, древна „хора“ (земјоделско подрачје околу градот) и базилика.
По што е уникатен? Херсонес Тауриски сведочи за допирите помеѓу грчката, римската и византиската империја и народите кои живееле северно од Црно Море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче