Дагестан на Инстаграм: Ридеста земја и прастари населби

Janet Wishnetsky/Global Look Press
Републиката на самиот југ на Русија во многу работи може да се спореди со Рим: полна е со древни тврдини, светилишта и со темпераментни жители.

Пејзажи

Република Дагестан на Кавкаските планини е најјужната територија на Русија и таму се наоѓа еден од нејзините најстари градови – Дербент (6 век пред нашата ера). Шармантен град со прекрасна атмосфера и неофицијално главен град на Дагестан. Она што мора да го видите во Дербент е најстарата тврдина во Русија, позната под називот Нарин-Кала со најстарата џамија во Русија – Јума. Дербент е музеј под отворено небо. Денес има статус на државен официјален музеј и е објект на светското наследство на УНЕСКО.

Чан кутум🌋💚

A post shared by gdym_tupik (@gdym_official) on

Луѓе

Официјален главен град на Дагестан е Махачкала – првиот кавкаски Вавилон. Жителите на Махачкала се делат на повеќе од 100 етнички групи и зборуваат околу 60 јазици. Најбројни се Аварите, а не помалку познати се Лезгините. Нивниот прочуен танц „лезгинка“ денес се асоцира со сите народи од Кавказот.

Дагестанците се претежно муслимани, но на оваа територија христијанството и јудаизмот исто така имаат долга историја. 

Музей в селении Хунзах

A post shared by Shamil Gadzhidadaev (@gadzhidadaev.life) on

Бабушка с селения Гоор )

A post shared by Shamil Gadzhidadaev (@gadzhidadaev.life) on

Детали

Без оглед на тоа што Кавказ е релативно мала територија, неговата кујна е уникатна и стана една од највлијателните во Русија. За неа е карактеристично големото количество зачински билки и пиперки.

Најпознат дагестански специјалитет е хинкали: во тенки парчиња тесто се витка смеса од говедско месо и се вари во јака, мрсна супа. Се зачинува со црн пипер, со сол и со ситно исечкани ливчиња коријандер. Дагестанците велат дека хинкали за нив е она што е пастата за Италија.

Дагестанскиот град Кизљар е инаку татковина на рускиот коњак кој високо го ценал дури и Петар Први.

Dagestan party

A post shared by Olya Ivanova (@olbrevis) on

#бабушкаСалих1ат🥔🥔

A post shared by 🐾 (@maria_88888888880) on

A post shared by Gadzhimurad (@magnum007g) on

Прям слюни текут #аварскаякухня

A post shared by Шугаринг & Реснички (@suaibat_master_08_12) on

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња