Мaшкиот Шчегловски манастир „Пресвета Богородица“ се наоѓа кај Тула, 180 км од Москва. Во главната црква, осветена 1860, се чува иконата на Богородица Млекопитателница. Денес храмот е отворен само за служба. Може да се каже дека манастирот дише во духот на 19 век.
Lori/Legion MediaБудистичкиот манастир Шад Чуп Линг е основан 1995 година на врвот на планината Качкара, покрај градот Качканара на Уралските планини, 1707 км од Москва.
Белогорскиот манастир е оддалечен 85 км од Перм, регионалниот центар на Пермскиот крај. Благодарение на тамошната клима во текот на зимата целата црква е покриена со иње, така што потсетува на шеќерен дворец од бајките. На ова место уште 894 година била подигната дрвена црква.
Патријархот Никон во 1656 година го основал Новоерусалимскиот манастир во градот Истра, оддалечен околу 40 км од Москва. Ова место е одбрано затоа што го потсетувало патријархот на светите места во Палестина. Реката Истра симболично ја претставува реката Јордан, а манастирските градби Ерусалим.
Свенскиот манастир е сместен на устието на реката Свен во реката Десна, околу 5 км од градот Брјанск. Според легендата, основан е од кнезот Роман Михајлович во 1288 година.
Троицкиот храм во Муром. Во текот на 40-те години на 17 век богатиот трговец Тарас Борисов го дарувал блискиот Троицки манастир, чија црква „Света Троица“ е раскошно украсена со керамички плочки.
Троице-Сергиевата лавра се наоѓа во Сергиев Посад, 70 км североисточно од Москва, а е основана 1337 година. Манастирот се смета за духовен центар на Руската православна црква. Неговото братство брои повеќе од 300 монаси.
Новодевичјиот манастир е подигнат 1524 година и е меѓу најубавите архитектонски знаменитости на Москва. Се наоѓа на еден вид полуостров, бидејќи од три страни е опкружен од реката Москва. Комплексот опфаќа 14 згради, вклучувајќи ги конаците, административните објекти, камбанаријата и црквите.
Високопетровскиот манастир се наоѓа во московската улица „Петровка“, само 2 км од Црвениот плоштад. Најверојатно е основан 1315 година од свети Петар, првиот митрополит Киевски и на цела Русија.
Кирило-белозерскиот манастир во Кирилов на брегот на Сиверското езеро е подигнат во 14 век. Негов основач е свети Кирил кој потекнува од болјарската московска фамилија Велјаминови. Се замонашува во Симоновиот манастир во Москва, каде напредува во монашките чинови и станува архимандрит. Меѓутоа, кога наполнува 60 години, ја напушта должноста на манастирски настојник и се преселува на подрачјето на Бело езеро каде изградува нов манастир.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче