Новинарката на магазинот „Сандеј Тајмс Магазин“ Кети Глас тргна на пат од Москва до Пекинг и своите впечатоци од патувањето ги сподели на „Твитер“.
Девојката тргна на пат на 24 декември и досега во реално време ги сподели своите мисли и чувства со следбениците на „Твитер“. Во текот на првиот ден стекна впечатоци за руската природа, возовите, храната и сопатниците.
„Ова е вагон-ресторан, храната е одлична! Сѐ е свежо и домашно”, пишува Глас.
Новинарката купи карти за вагон прва класа, но на социјалната мрежа објави и фотографии од вагоните за спиење и трета класа.
„Персоналот е прекрасен! (...) Возот е многу современ, чист и добро опремен”, напиша таа.
Особено внимание на новинарката ѝ привлекоа глетките кои можеше да ги види низ прозорецот на возот.
„Ова е најдоброто патување што сум го доживеала. (...) Толку е необично и магично”, напиша таа на „Твитер“.
Шпанскиот новинар Хавијер Колас во ноември ја пропатува Русија во вагон од трета класа. Пишуваше за „пријателската атмосфера“ која владее таму и исто така го спореди патувањето со „магија“.