„Реакциите се главно позитивни“, вели дизајнерот на новите вагони.
Авилов Александар/Moscow AgencyКомпанијата „Руски железници” (РЖД) веднаш по компјутерските прикази објави и фотографии од новите, веќе произведени, вагони од трета класа кои ќе ги заменат постојните. Фотографиите ги објави весникот „Ведомости”.
Дизајнерот Дмитриј Назаров за веб-порталот „Медуза” изјави дека проектантите на новите вагони пред сѐ се потпирале на мислењето на патниците. Една од главните забелешки за старите вагони беше недостигот од личен простор. Патниците бараа да се постави завеса со која човек ќе може да се издвои од околината. Тие исто така изразија потреба од масиче за преслекување на бебиња во тоалетите, како и од поудобни лежаи и позгодни скали. Според него, реакциите на новиот проект се главно позитивни.
Судејќи според фотографиите, новите вагони ќе имаат масички меѓу горните лежаи. Назаров исто така објасни дека заштитниот ракофат на горниот лежај е заменет со ограда. Таа е обложена со сунѓер кој го штити горниот дел на телото, а ја остава отворена зоната за колената, така што патникот без страв може да спие со свиткани колена.
Назаров исто така објасни зошто железницата се откажала од идејата да направи капсули за патување.
„Во капсулите човек може да се вози неколку часа, на пример, ноќе. Но не е можно да се патува во капсула на подолги релации, на пример, два дена. Во нив не можете да се исправите, не можете нормално да седите, единствено е можно лежење и полулежење. А вака можете да разговарате со другите патници, доколку се дружељубиви. А така времето се поминува многу попријатно“, рече дизајнерот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче