Патувањето со воз во Русија ќе стане поевтино откако Федералната патничка компанија (ФПК), која ги контролира тарифите и услугата во возовите, најави нова, евтина класа на услугите. Сепак, ќе морате да почекате до 2025 година за да видите како ќе изгледа тоа. Само, имајте на ум: ќе биде далеку од луксузно.
„Сега разговараме за нов евтин производ со единствена понуда на цените“, објасни претставник на ФПК за РИА „Новости“. Според планот, во руските возови ќе постојат четири класи на услуги: бизнис-класа, комфор-класа, економска класа и, како шлаг на тортата, економска нискобуџетна класа.
За евтините патувања Федералната патничка компанија ќе користи стари вагони без клима-уреди или биолошки тоалети (додуша, ги имаат оние старомодните), со тоа што ноќните возови ќе имаат кревети. Едно е загарантирано: ќе биде евтино и... весело. Проценете самите. Цените сѐ уште не се објавени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче