Погледнете како ќе изгледа новиот проект на студиото „Заха Хадид“ во Русија

Патувања
RUSSIA BEYOND

Градот Новоросијск на Црното море наскоро ќе биде разубавен. Британското студио Zaha Hadid Architects победи на меѓународниот конкурс за изградба на туристичка и рекреативна зона на едниот брег на градот, а работите би почнале веќе годинава.

Според проектот, кластерот ќе се состои од 9 меѓусебно поврзани модерни згради со различна висина, на чекор од морето. Оваа идеја одговара на градскиот пејзаж и истовремено може да стане архитектонски симбол на современиот Новоросијск.

Архитектонскот студио „Заха Хадид“ претходно во Русија проектираше две згради: деловниот центар Dominion Tower во Москва и вила во Московската област.

Погледнете како ќе изгледа Новоросијск за неколку години!

Погледнете ја фотогалеријата со новите аеродроми во Русија – празник за очите