Московскиот парк „Зарјадје“ прогласен за најдобар јавен простор изграден 2017 година

Амфитеатар, парк Зарјадје

Амфитеатар, парк Зарјадје

Официјален сајт на градоначалникот и владата на Москва
На годишниот конкурс на познатиот портал за архитектура ArchDaily „Building of the Уear-2018“ во категоријата јавни простори највисокото признание му припадна на московскиот парк „Зарјадје“.

„Остро го критикувавме „Зарјадје“ за компилација и провинцијализам. Меѓутоа, паркот штотуку ја доби наградата  Building of the Уear. Тоа е највисокото меѓународно признание за архитектура во постсоветскиот период“, изјави Григориј Ревзин, историчар на архитектура и партнер на Конструкторското биро „Стрелка“, кој прв ја пренесе информацијата на својот канал на Telegram.

За две недели, колку што беше отворен конкурсот, паркот доби повеќе од сто илјади гласа. Покрај „Зарјадје“, во 15 категории се натпреваруваа околу 3,5 илјади проекти.

Новоизградениот парк во центарот на рускиот главен град, недалеку од Кремљ, на меѓународниот конкурс во областа на аудиовизуелни технологии InAVation Awards 2018 доби награда и во категоријата  Visitor Attraction. Жирито особено ги истакна медиските комплекси „Времеплов“ и „Лет“.

На крајот на минатата година паркот „Зарјадје“ и спортскиот комплекс „Лужники“ беа номинирани за наградата MIPIM Awards 2018 во сферата на градежништвото и архитектурата. Паркот е предложен како најдобар пример на проект за урбанистичка регенерација, а резултатите ќе бидат познати во март.

Погледнете ги фотографиите од најновиот московски парк од кои ќе ви зајде умот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња