Додека повеќето земји се натпреваруваат која ќе ја направи највисоката зграда, Русија се труди да ја направи најдолгата. Замислете си само како би изгледале овие конструкции доколку беа вертикални.
Оваа огромна станбена зграда во Големата Тулска улица жителите ја нарекуваат „Бродот“ поради нејзиниот облик. Со децении овој објект се издвојува меѓу другите помали згради и изгледа како туристички брод кој плови по море. Тоа е масивна сива 13-катна зграда направена 1980 година. Има 980 станови и е долга 400 метри. Се зборува дека во неа има и неискористени станови со прозорци, но кои не се достапни.
Овој пар огромни соседни станбени згради се наоѓа на Лениновиот проспект во Самара. Велат дека зградите се направени за работниците на градежната фирма под раководство на инженерот Дмитриј Козлов. Секоја има преку 20 влеза/
Оваа „хоризонтална кула“ (Варшавски пат, 125) е толку долга што од градските автобуси застануваат на три места покрај неа. Во зградата се наоѓа научноистражувачки центар за компјутерска техника, како и низа други деловни простории. Зградата е направена во текот на 1970-те.
Во Санкт Петербург постои зграда подолга од еден километар. Се наоѓа на Новосмоленски кеј бр. 1 и се протега до Улицата на бродоградителите. Тоа е навистина впечатлив објект.
На северот на Москва се наоѓа најдолгиот станбен комплекс во главниот град на Русија. Шест згради сочинуваат еден објект кој личи на минијатурен Кинески ѕид. Првично е направен за работниците на фабриката „Трансмаш“. Се протега по должината на целата улица.
Изгледа како обична осумкатна зграда, а всушност е еден од најдолгите објекти во Русија. Изградена е во текот на 1970-те, има околу 1400 стана од кои некои се наоѓаат дури и во пристанишните премини. Целиот овој станбен комплекс може да се види само одозгора затоа што зазема цел кварт и спирално се вовлекува кон центарот како куќичка на полжав.
Овој станбен комплекс е долг 1,5 километри, се наоѓа во Беринговата улица и потсетува на саќе. Уникатниот облик го штити од ветрот, што е од витална важност на северот на Русија. Во него се наоѓаат продавници, училиште и стадион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче