Градови во Русија има многу, но кои од нив ги имаат најдобрите услови за живот? Финансискиот универзитет при Владата на Руската Федерација ја испита ситуацијата и даде одговор на тоа прашање. Жителите ги оценија условите за живот, комуналните услуги, инфраструктурата и одговорија дали се подготвени да го продолжат животот во еден од 38 најголеми градови или да се преселат на подобро место.
И еве како изгледаат резултатите:
Пешачки мост во Оренбург
Legion MediaНа десеттото место е градот на реката Урал, 1460 км југоисточно од Москва, најпознат по оренбуршките марами и исклучителната геополитичка локација – токму на границата меѓу Европа и Азија. Ако се земат предвид резултатите од истражувањата, Оренбург ни најмалку не е лошо место за живот: здравствениот систем, квалитетот на патиштата и ефикасноста на комуналните услуги се на високо ниво.
Театарот на драма и балет во Новосибирск
Legion MediaТретиот најнаселен руски град (1,6 милиони жители) е и еден од најживите градови на Сибир. Новосибирск е голем индустриски центар на реката Об, во него изобилство убави места за гледање, а има и свој научен град-сателит кој се вика Академгородок.
Фонтаната пред железничката станица во Краснојарск
Legion MediaКраснојарск е уште еден важен град на Сибир познат по хидроенергијата, машиноградбата и фабриките за обоена металургија. Основан 1628 година како јужно упориште на реката Енисеј, денес има повеќе од еден милион жители и е полн со културно богатство.
Споменик на тастатурата во Екатеринбург
Legion MediaГрадот на Урал, околу 1800 км источно од Москва, е четврти во Русија по бројот на жители (1,4 милиони). Екатеринбург е одлично место за да се стекнете со образование, живописен стар град но и отворен за сѐ што е ново, со голем број продавници и ресторани.
Паркот „Гагарин“ во Челјабинск
Legion MediaЧелјабинск се прослави во светот со метеоритот кој го пресече небото во 2013 година, но градот има многу повеќе од таа приказна. Основан е 1736 година и до изградбата на Танссибирската железница беше главниот сообраќаен јазол во регионот. За време на Втората светска војна сите фабрики произведуваа оружје и тенкови. Денес Челјабинск е важен економски, културен и спортски центар. Има 1,2 милиони жители.
Василевски остров, Санкт Петербург
Legion MediaПеттото место ѝ припадна на „руската престолнина на културата“. Белите ноќи, градот во вечно движење и познатите историски места се она што жителите го сакаат најмногу во поранешниот Ленинград.
4. Краснодар
Улицата „Краснаја“ во Краснодар
Legion MediaГрадот 1345 км југозападно од Москва ужива во топлата клима и е еден од руските градови кои најбрзо се развиваат: последниве 7 години бројот на население порасна за 76% и во 2017 година достигна 1,3 милиони. Градските власти велат дека Краснодар со своите климатски и економски можности е привлечна дестинација за оние кои живеат во северните региони на Русија. А неодамна во него беше отворен уште еден прекрасен парк.
Палатата на земјоделството во Казањ
Legion Media812 км источно од Москва, Казањ докажа дека е еден од градовите кои нудат најдобри стандарди за живот: 96% од испитаниците така го оцени својот град. Локалните власти изградија одлична инфраструктура, а од патиштата со европски квалитет се задоволни сите.
Бизнис центарот „Москва сити“
Legion MediaБлизу, но сепак на друго место. Рускиот главен град непрестајно ја менува својата инфраструктура за да ги задоволи потребите на населението и гостите. Според истражувањето на јавното мислење, околу 70% Московјани сметаат дека Москва е најдобриот град за живот во Русија.
Поглед на манастирот „Св. Троица“ во Тјумењ
Legion MediaЕве го и победникот! Тјумењ е втора година по ред најдобриот руски град за живот. Тоа е еден од најстарите сибирски градови и главен град на регионот богат со нафта, што обезбедува добар приток на пари во градската каса. Полн е со историски знаменитости и модерни комерцијални центри. На прво место е во образованието, во сферата на комуналните услуги и инфраструктурата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче