„Северната руска престолнина“ Санкт Петербург трета година по ред стана добитник на наградата World Travel Awards која важи за „туристички Оскар“. Во најтесниот избор во категоријата „најдобра градска туристичка дестинација во Европа“ конкуренти му беа Рим и Виената, а на церемонијата која првпат е одржана во Русија присуствуваа повеќе од сто делегации на градови од целиот свет, од Дубаи до Њујорк, вклучувајќи и 40 европски.
Свеченоста беше одржана во Етнографскот музеј, а Петербург беше избран за домаќин како троен лауреат на најпрестижното признание во сферата на туристичката индустрија. Минатата година беше награден во категоријата „водечка културна и туристичка дестинација во светот“, а во 2015 година како најдобра туристичка дестинација во Европа, и тоа во конкуренција на Амстердам, Барселона, Берлин, Единбург, Истанбул, Лисабон, Лондон, Париз, Порто, Јоркшир и дури три италијански градови - Рим, Фиренца и Венеција.
Губернаторот Георгиј Полтавченко се заблагодари на високите оценки за потенцијалот и гостопримството на Санкт Петербург и рече дека неговите жители се исклучително горди на фактот што една церемонија од толку висок ранг првпат се одржува во Русија и нивниот град.
„Туризмот е извонредно средство за комуникација меѓу земјите и народите која го прави светот посветол и подобар“, изјави Полтавченко.
Санкт Петербург е апсолутен рекордер во домашниот туризам, град кој последниве три години го посетува сѐ поголем број на руски и странски туристи. Во 2015 година нивниот број беше 6,5 милиони, минатата година 6,9, додека во најсериозните прогнози за оваа година фигурира цифрата од 7,5 милиони луѓе. На тој начин бројот на туристи ќе го надмине за речиси 50 отсто бројот на негови жители кои според податоците од 1 јануари оваа година беше 5,2 милиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче