Москва и Санкт Петербург не се на списокот.
Виталиј Тимкив / ТАССВиталиј Тимкив / ТАСС
Првото место на пиедесталот на најдобрите руски градови за живот според магазинот „Руски репортер“ го зазеде сибирскиот град Тјумењ (2.000 километри источно од Москва).
Истражувањето било насочено на градови со повеќе од 600 илјади жители. Рејтингот се засновува на економската статистика за квалитет на животот, како и на податоците за гласање на порталот за пребарување работа SuperJob.
Авторите решија во рејтингот да не ги вклучат Москва и Санкт Петербург со објаснување дека буџетите на овие два града се формираат поинаку од сите останати во Русија.
Тјумењ е главен град на регион богат со нафта, што овозможува добар приход на пари во градската каса. Но, како што наведува „Руски репортер“, Тјумењ се нашол на врвот од листата благодарение на истражувањето на јавното мислење. Изданието исто така ја фали добрата работа на градската управа, благодарение на која општествено-економските показатели на Тјумењ во последниве неколку години се во пораст.
Овој град на југот на Русија (оддалечен 1.300 километри од Москва) пет години еднo по другo беше на врвот на листата на „Руски репортер“. Статистички гледано, во него најмногу се гради, а жителите ставаат акцент на достапноста на услугите и стоките. Краснодар, покрај другото, е особено отворен за домашни и за меѓународни вложувања.
Јужната врата на Русија (760 километри јужно од Москва), главен транспортен јазол, административен и економски центар – ова се причините за динамичниот развој на бизнисот во Ростов на Дон. Главниот квалитет на градот е неговата флексибилност и способност да се прилагоди кон новите ситуации.
Уралскиот град Екатеринбург (1.800 километри источно од Москва) може да се пофали со пристојна просечна плата и водечка позиција во трговијата на мало во земјата. Екатеринбург е отворен за новини. Во 2013 година жителите го избраа новиот градоначалник Евгениј Ројзман, „одлучен и контроверзен човека кој не се плаши да влезе во конфликт со федералните власти“, пишува „Руски репортер“.
Според мислењето на жителите, Казањ (800 км од Москва) е најдобар град поради низата општествено-економски показатели: бројот на училишта и градинки, добрите изгледи за вработување, местата за рекреација и поради љубезноста на луѓето. Казањ, освен тоа, паметно го користи својот туристички потенцијал: за време на Купот на конфедерациите 2017 се очекува овој град да го посетат помеѓу 80 и 150 илјади туристи.
Новосибирск е научна и индустриска престолнина на Сибир (3.300 километри од Москва). Градските власти великодушно трошат пари на образование, култура и спорт, но жителите се незадоволни од екологијата, безбедноста и слабите можности за вработување.
Овој индустриски и логистички центар на југоистокот на Сибир (4.100 километри источно од Москва) има сè што му е потребно за голем пробив, но на тој пат му стои високиот степен на криминал.
И покрај тоа што во последниве неколку години се наоѓа во стагнација, овој уралски град (1.400 километри источно од Москва) и понатаму останува популарен како истакнато културно средиште на земјата.
Нижни Новгород (416 километри источно од Москва) се наоѓа на устието на реката Ока во Волга. Познат е и по големата концентрација на ИТ-компании: свои оддели тука имаат Intel, Huawei, SAP, и Yandex.
Главен град на Башкортостан, земјоделски и петрохемиски регион (1.300 километри југоисточно од Москва). Уфа се има многу променето откако во 2015 година беше домаќин на самитот Шангајската организација за соработка и БРИКС. Сепак, локалните жители се жалат на кусокот добро платена работа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче