Поглед од птичја перспектива на модерниот комерцијален реон Москва-Сити.
Legion MediaКако што соопштува фондот „Јавно мислење, 77% од анкетираните се изјасниле дека не би сакале да живеат во Москва. Само 12% од Русите го изјавиле спротивното. Притоа една четвртина од испитаниците ја нарекуваат Москва „олицетворение на сѐ што е најдобро“, додека 67% од Русите ја сметаат руската престолнина за само еден голем град.
Според истражувањето, речиси половина од испитаниците (45%) немаат никакви чувства кон Москва, кај 33% од испитаниците руската престолнина буди позитивни емоции, додека кај 19% - негативни. Мнозинството од испитаниците (77%) се изјасниле дека нивниот став спрема главниот град во текот на последните неколку години не е променет, по 10% од испитаниците изјавиле дека имаат подобрен или влошен став спрема Москва.
Мислењата за тоа каков однос имаат жителите на руските градови и села спрема главниот град се поделени: 31% од испитаниците мислат негативно; 27% се рамнодушни; 18% се позитивни, а речиси една четвртина од испитаниците (24%) беа неопределени на ова прашање. Меѓу причините за позитивниот однос спрема Москва жителите на руските градови и села ги наведоа достапноста на работни места, убавината на рускиот главен град, високите плати и нивото на образование, како и добриот градоначалник и развојот на градот.
Како причина за негативниот став спрема главниот град на Русија е наведен претераниот просперитет на Москва во споредба со остатокот од земјата („во Москва одат сите финансиски текови од регионите“), менталитетот на Московјаните и слично.
Анкетата на „ФОМнибус“ се спроведе на 26-27 август во 104 населени места меѓу 1500 испитаници, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче