Москва и Петербург меѓу топ-10 најпопуларни градови во 2016 на „Инстаграм“

Социјалната мрежа „Инстаграм“ ја објави својата статистика за 2016 година.

Москва и Санкт Петербург се најдоа меѓу десетте најпопуларни градови во 2016 година на социјалната мрежа „Инстаграм“ (Instagram), соопшти прес-службата на социјалната мрежа, пренесува ТАСС.

Експертите на „Инстаграм“ ги сумираа резултатите од годината и ги објавија топ-10 најпопуларни градови во светот, топ-10 најпопуларни профили во Русија, топ-5 најпопуларни профили во светот, топ-10 најпопуларни знаменитости и најпопуларните хаштагови и гео-тагови.

Така, главниот град на Русија е на третото место меѓу првите 10, а Санкт Петербург - на седмото место. На прво место е Њујорк, додека Џакарта е на крајот на листата со првите десет градови.

Топ-10 најпопуларни знаменитости (гео-тагови каде што се направени најмногу фотографии) се Ајфеловата кула, Лувр и Бруклинскиот мост. На прво место меѓу забавните паркови е Дизниленд (во светот), на десеттото е московски ВДНХ. Најпопуларен хаштаг во 2016 светот е #Love, во топ-3 најпопуларни хаштагови во Русија се #москва, #лето и #красота (убавина).

Петте најпопуларни профили во светот на „Инстаграм“ им припаѓаат на пејачката Селена Гомез (103 милиони следачи), пејачката Тејлор Свифт (93,9 милиони), пејачката Адријана Гранде (90,3 милиони), Бијонсе (89,3 милиони) и ѕвездата на американското реално шоу Ким Кардашијан (88,3 милиони).

Топ-10 најпопуларни профили во Русија имаат актерката Настасја Самбурскаја  (7,6 милиони следачи), раперот Тимати (7,4 милиони), ТВ-презентерките Ксенија Бородина  (7,1 милиони) и Олга Бузова (7,1 милиони), моделот Ирина Шајк (6,9 милиони), пејачката Вера Брежнева (6,5 милиони), како и Павел Воља (6,4 милиони) Иван Ургант (5,3 милиони), Михаил Галустјан (5,2 милиони) и блогерката Кати Клеп (5 милиони) .

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња