Анкета: Каде е подобро да се живее - во Москва или надвор од неа

Храмот „Св. Василиј Блажени“ во Москва.

Храмот „Св. Василиј Блажени“ во Москва.

Сергеј Семјонов
Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведе анкета во која жителите на Русија ги истакнаа предностите и маните на Москва.

Кога станува збор за Москва, за 31% од Русите повеќето асоцијации се поврзани со Црвениот плоштад, Кремљ (12%), големиот мегалополис со голем број жители. Ова се податоците што ги презентираше Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Главната предност на главниот град е, според мислењето на граѓаните на Руската Федерација, убавината на градот (12%), додека најголеми недостатоци се гужвите во сообраќајот (4%) и лудото темпо на живот (4%).

56% од испитаниците сметаат дека во главниот град има поголеми шанси за здобивање со добро образование отколку во другите региони на земјата, како и за добивање на добро платена работа (52%) и постигнување материјална благосостојба (50%). Според мислењето на мнозинството испитаници, во тие области во Москва постојат повеќе можности отколку во другите региони.

Во другите области предностите на мегалополисот се многу помалку изразени. 36% од граѓаните сметаат дека, како во Москва, така и во другите градови на Русија, е можно подеднакво интересно да се поминува слободното време, да се стане влијателна личност (36%) и да се почне сопствен бизнис (45%).

58% од испитаниците изјавиле дека во главниот град и другите региони постојат подеднакви услови за живот по сопствен избор, за љубов (66%), деца (57%), инклузија на граѓаните (67%).

Москва најмалку ги привлекува жителите на Русија од еколошки аспект. Според мислењето на 78% од испитаниците, во другите региони тие услови се подобри. Само 4% од испитаниците ја нарекле еколошката ситуација во главниот град добра.

Покрај тоа, мнозинството респонденти изјавиле дека во Москва тешко се решава станбеното прашање и прашањето на безбедноста (42%).

Анкетата е спроведена од 3 до 5 септември 2017 година на 1800 испитаници.

Анкета: Мнозинството жители на Русија не би сакале да се преселат во Москва

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња