
Lori / Legion Media
Будистичкиот манастир Шад Чуп Линг е основан 1995 година на врвот на планината Качкара, покрај градот Качканара на Уралските планини, 1707 км од Москва.

Lori / Legion Media
Белогорскиот манастир е оддалечен 85 км од Перм, регионалниот центар на Пермскиот крај. Благодарение на тамошната клима во текот на зимата целата црква е покриена со иње, така што потсетува на шеќерен дворец од бајките. На ова место уште 894 година била подигната дрвена црква.
Lori / Legion Media
Патријархот Никон во 1656 година го основал Новоерусалимскиот манастир во градот Истра, оддалечен околу 40 км од Москва. Ова место е одбрано затоа што го потсетувало патријархот на светите места во Палестина. Реката Истра симболично ја претставува реката Јордан, а манастирските градби Ерусалим.
Lori / Legion Media
Свенскиот манастир е сместен на устието на реката Свен во реката Десна, околу 5 км од градот Брјанск. Според легендата, основан е од кнезот Роман Михајлович во 1288 година.
Lori / Legion Media
Троицкиот храм во Муром. Во текот на 40-те години на 17 век богатиот трговец Тарас Борисов го дарувал блискиот Троицки манастир, чија црква „Света Троица“ е раскошно украсена со керамички плочки.
Lori / Legion Media
Троице-Сергиевата лавра се наоѓа во Сергиев Посад, 70 км североисточно од Москва, а е основана 1337 година. Манастирот се смета за духовен центар на Руската православна црква. Неговото братство брои повеќе од 300 монаси.
Lori / Legion Media
Новодевичјиот манастир е подигнат 1524 година и е меѓу најубавите архитектонски знаменитости на Москва. Се наоѓа на еден вид полуостров, бидејќи од три страни е опкружен од реката Москва. Комплексот опфаќа 14 згради, вклучувајќи ги конаците, административните објекти, камбанаријата и црквите.
Lori / Legion Media
Високопетровскиот манастир се наоѓа во московската улица „Петровка“, само 2 км од Црвениот плоштад. Најверојатно е основан 1315 година од свети Петар, првиот митрополит Киевски и на цела Русија.
Иљја Питалев / RIA Novosti
Кирило-белозерскиот манастир во Кирилов на брегот на Сиверското езеро е подигнат во 14 век. Негов основач е свети Кирил кој потекнува од болјарската московска фамилија Велјаминови. Се замонашува во Симоновиот манастир во Москва, каде напредува во монашките чинови и станува архимандрит. Меѓутоа, кога наполнува 60 години, ја напушта должноста на манастирски настојник и се преселува на подрачјето на Бело езеро каде изградува нов манастир.