/ Shutterstock
Петропавловскиот собор е најстариот храм на Санкт Петербург (изграден е во 1712 година) и е највисокиот во историскиот дел на градот. Неговиот позлатен врв се издига на 122.5 метри. Според законот во центарот на градот не може да се изгради ништо повисоко.
Првиот руски император и основач на Санкт Петербург - Петар I, сакал новиот главен храм на новата руска престолнина да биде повисок од кремљовската камбанаријата на Иван Велики во старата престолнина - Москва. Тој заповедал од Москва да биде пренесена во уште недовршениот Петропавловски собор гробницата на руските цареви. Тука се погребани речиси сите руски императори - почнувајќи со самиот Петар и сè до Николај II, убиен од болшевиците во 1918 година.
/ Shutterstock
Позлатениот ангел кој слетал на врвот на соборот, е еден од главните симболи на Санкт Петербург и негов талисман. Реставраторите на флугерот во 1997 година, кои се индустриски алпинисти, откриваат во внатрешноста писмо од своите претходници, реставратори од шеесеттите години од минатиот век. Тие се жалат на кратките рокови и малите плати. Сега секој пат кога мајсторите ќе се подигнат да го поправат градскиот талисман, тие оставаат на 122-метарската височина порака за колегите од иднината.
Совет: На полноќ и напладне часовникот на камбанаријата на соборот ја свири националната химна, а во текот на летото на плоштадот пред соборот се слуша концертот на камбаните.
/ Shutterstock
Исакиевскиот собор е најпознатата слика од Санкт Петербург и тоа не само поради неговите колосални димензии: позлатената купола на овој трет по височина собор во Европа се гледа од десет километри надвор од историскиот центар. Додека во текот на 40 години (1818-1858) се гради Исакиевскиот собор, жителите на Санкт Петербург се потсмеваат поради неговите премногу големи димензии и несразмерноста со околните згради, но на крајот го прифаќаат и сега ние веќе не можеме да си го замислиме денешниот Санкт Петербург без него.
/ Shutterstock
Вреди туристите да смогнат сили за освојувањето на скалилото составено од 262 скали кои водат до колонадите на соборот. Таа ја опкружува куполата на висината на 16-катната зграда на 44 метри од земјата. Каде и да погледнеш, оттука се гледа Петербург, расечени од реките и каналите десетици острови. На касите на музејот и на автоматите на влезовите на колоната се продава посебен билет и во сезоната на „белите ноќи“ од јуни до август тука пуштаат посетители до 4 часот наутро.
Совет: Најдобриот поглед кон Исакиевскиот собор се открива од центарот на Исакиевскиот плоштад со статуа на царот Николај I на коњ.
/ Shutterstock
Овој храм е познат повеќе како „Спас на крвта“. Архитектите ја зеле за негова основа сликата на московските средновековни храмови, а нацртите на мозаиците во внатрешноста се дело на мајстори на рускиот романтизам од крајот на 19 век. Предисторијата на соборот е трагична: тој е изграден во 1883 година на местото каде терористите го убиваат царот Александар II.
Внатре во ѕидовите на соборот има 7 квадратни километри мозаици. Мозаичкиот лик на Христос под централната купола е создаден така што неговите очи секогаш гледаат право кон вас, без разлика во кој дел на храмот се наоѓате. А, во западниот дел на соборот наспроти олтарот под мал крошна од виолетов јаспис се чува дел од асфалтираната улица на која е фрлена бомбата врз царот Александар II.
/ Shutterstock
Совет: Не ограничувајте се на разгледување на соборот однадвор. На касите на музејот за 200 рубли нудат аудиоводич на десетина јазици, кој ќе ви помогне да имате увид во уметничките техники и материјали. А секој ден во 7.30 наутро може да се посети бесплатно црковната служба во храмот.
/ Lori/Legion-Media
Колонадата, што го обвива во полукруг Казанскиот собор, личат на колонадата во ватиканскиот собор Свети Петар, но во реалноста прикрива фактот дека соборот е свртен странично кон Невската авенија - главната улица на градот. Работата е што според правилата на изградбата на црквите жртвеникот треба да гледа на исток.
Колонадата денес е затворена за прошетки, но сепак соборот е отворен уште од рано утро и влезот е бесплатен - тоа е вистински храм и секој ден во него има служби.
/ Shutterstock
Осветен во 1811 година, една година подоцна Казанскиот собор станува споменик на победата на Русија над Наполеон. Статуите на двајцата главни големи воени умови во оваа војна се издигаат на убавиот плоштад пред соборот. Од западната страна е статуата на генералот Барклај де Толи, а од источната - на Михаил Кутузов, овековечени од Лев Толстој во романот „Војна и мир“.
Совет: Казанскиот собор се гледа најдобро од спротивната страна на Невската авенија - од прозорците на кафе „Зингер“, на 2 кат на книжарницата „Дом на книгата“ (Невски проспект, 28).
/ Lori/Legion-Media
Смолниот собор се наоѓа надвор од историскиот центар на градот. До него е многу тешко да се дојде, бидејќи Смолни во Санкт Петербург се нарекува не само соборот, но и зградата на градското собрание во соседството. „Вистинскиот Смолни“ ќе го познаете најпрво по многуте паркирани туристички автобуси и младоженците кои пијат шампањ - свадбена фотографија пред соборот Смолни тука има секое петербуршко почитувано семејство.
/ Lori/Legion-Media
Архитектонска карактеристика на храмот е што тој нема парадна фасада, бидејќи сите ѕидови на зградата се такви и изгледаат подеднакво убави од каде и да ги погледнеш - дури и од современиот дел на спротивниот брег на реката Нева. Смолни е во такви бои што се прилагодува на бојата на градското небо: на сонце се исполнува со светло синило и сивее во мрачните денови. Каков ќе го видите вие зависи од каприците на петербуршкото време.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче