Претседателот на РФ Владимир Путин и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.
Kremlin.ruПретседателот на Русија доби покана да присуствува на прославата на 100-годишнината на градот на крајот на состанокот посветен на прашањата за ликвидација на последиците од шумските пожари во Иркутската област и Бурјатија.
Претседателот на РФ го праша Семјонов за неговото мислење како ќе игра репрезентацијата на Русија на претстојното Светско првенство во 2018 година.
„Искрено? Лошо“, изјави Семјонов, пренесува „Взгљад“.
Путин не се согласи со првиот човек на Черемхово.
„Зошто лошо? Чуму овој песимизам? Можеби нема да го освоиме, но зошто да играме лошо?“, изјави Путин.
Тогаш Семјонов изјави дека руските фудбалери ќе заиграат единствено кога нивен тренер ќе стане претседателот.
„Не. Секој треба да се занимава со својата работа. Ајде сепак да се надеваме дека момците ќе се трудат“, изјави претседателот на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче