Лево: Дарја Спиридонова (Русија) и Алија Мустафина (Русија) по изведувањето на вежбите на разбој во текот на натпреварувањето во уметничка гимнастика за жени на XXXI Летни олимписки игри во Рио.
Алексеј Филипов / РИА „Новости“Тимур Сафин од Русија слави со својот тимски другар по победата над Франција во текот на финалето во мечување за мажи на Олимпијадата 2016 во Рио. Извор: AP
Руските мечувалци се покажаа ка најуспешни од сите руски тимови, со освоени 4 златни медали. Финален акорд на рускиот триумф во „Кариока арена 3“ стана импресивната победа на Русите кај мажите-мечувалци. Пред враќањето во Москва, среќните мечувалци на крајот му ја избричија главата на својот тренер Иљгар Мамедов - пред Игрите тој се заколна во својата коса со тврдењето дека Русите нема да добијат повеќе од едно злато.
2. Медал, рака и срце
Давид Бељавски во текот на финалето во разбој за мажи на Олимпијадата 2016 во Рио. Извор: DPA / Vostock-photo
Не помалку среќен си замина од Рио и гимнастичарот Давид Бељавски. Во Бразил тој успеа не само да освои сребро во тимската трка и бронза на разбој, но и да ѝ понуди брак на својата сакана.
Јулија Ефимова во полуфиналето на 100 метри градно за жени на XXXI Летни олимписки игри во Рио. Извор: Александар Вилф / РИА „Новости“
Од Рио се враќа со медали и пливачката Јулија Ефимова. Но, за сопственичката на две сребрени награди на 100 и на 200 метри овие Игри беа многу потешки отколку за другите. Кинењето нерви пред Олимпијадата (МОК ја допушти пливачката на само еден ден пред да започнат натпреварувањата) беше заменето со трагичната атмосфера во базенот во кој Јулија мораше да издржи свирежи на навивачите и злонамерни критики од страна на натпреварувачите. Откако го освои првото сребро, Ефимова се расплака во програма за руската телевизија, додека раскажуваше дека таа веќе неколку дена не може да заспие од стрес.
Џудистите Тревис Стивенс (лево) од САД и Хасан Халмурзаев од Русија (десно) пред почетокот на финалето за мажи до 81 килограм на Олимпијадата во Рио. Извор: Станислав Красилников / ТАСС
Во заднината на скандалите со Ефимова, зборовите на американскиот џудист Тревис Стивенс, кој изгуби во финалето во категоријата до 81 килограм од Русинот Хасан Халмурзаев, изгледаат како олицетворение на универзалниот принцип „спортот надвор од политиката“. Стивенс му се заблагодари на рускиот тим за можноста да тренира заедно со него во текот на две недели и рече дека победата на Халмурзаев е заслужена. „Рускиот тим беше добар со мене. Крвавиме заедно. Тоа е повеќе од братство“, го цитира спортистот USA Today.
Илја Захаров во текот на финалето во скок во вода од 3-метарска скокалница на XXXI Летни олимписки игри во Рио 2016. Извор: Александер Вилф / РИА „Новости“
На Игрите во Рио Русија доживеа целосен неуспех во натпреварите во скокови во вода од отскочна штица. Квинтесенција на неуспехот беа падовите на стомак во водата на Иљја Захаров и на Надежда Бажина. За таквите скокови со спортистите можеме само да сочувствуваме, зашто судиите им дадоа нула поени.
Русинката Анастасија Бељакова со придружба го напушта рингот откако прими удар во левиот лакт од Французинката Естел Мозели во текот на полуфиналето за боксерки до 60 килограми на Олимпијадата во Рио 2016. Извор: AP
Сочувство може да ѝ биде изразено и на боксерката Анастасија Бељакова, која доби исклучително тешка повреда на раката за време на полуфиналниот дуел со Французинката Естел Мосли. Бељакова беше однесена во болница директно од рингот. Впрочем натпреварувачката и покрај сè ја доби бронзата - во боксот не се играат натпревари за трето место.
Медалистите во гаѓање на 50 метри за мажи на Олимпијадата во Рио. Од лево: златниот медалист Николо Камприани (Италија), сребрениот медалист Сергеј Каменски (Русија). Извор: Рамил Ситдиков / РИА „Новости“
Во пукање со малокалибарска пушка од 50 метри, од три позиции, со последниот истрел Италијанецот Николо Камприани го престигна Русинот Сергеј Каменски. По завршувањето на натпреварот тој му се извини на рускиот стрелец кој беше лидер во квалификациите. „Јас не ја заслужувам победата“, изјави трикратниот олимписки шампион.
Лево: Дарја Спиридонова (Русија) и Алија Мустафина (Русија) по изведувањето на вежбите на разбој во текот на натпреварувањето во уметничка гимнастика за жени на XXXI Летни олимписки игри во Рио. Извор: Алексеј Филипов / РИА „Новости“
Во 2012 година гимнастичарка Алија Мустафина претрпе прелом на коленото - повреда, по која многумина не се враќаат во спортот. Но, таа успеа: во Рио Мустафина победи на разбој со различна височина, исто како и пред четири години во Лондон. „На нејзино место секој друг спортист одамна би се уморил да трпи постојана болка“, вели за Мустафина нејзиниот тренер Сергеј Старкин.
Во Рио спортистка учествуваше во улога на капитен на тимот. Таа стана вистински лидер и ментор за помладите: кадрите во кои таа ги поддржува своите колеги од тимот Дарја Спиридонова и Седа Тутхаљан, ги обиколија сите новински агенции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче