Драмата на Пљушченко, медали во санкање и биатлон, старт на хокејот

Извор: Reuters.

Извор: Reuters.

13 февруари на спортските терени во Сочи се водеше борба за шест комплети медали.

Во шорт-трек се одржаа три етапи на натпреварувањето. Успешно потврдувајќи ја квалификацијата, руската репрезентација ги зачува лидерските позиции во четвртина финалето, а потоа и во полуфиналето на 5.000 метри. Репрезентацијата на Русија на чело со Виктор Ан, финишираше прва, пред репрезентациите на Кина и на Италија. Сега, во финалето, кое треба да се одржи на 21 февруари, за златото ќе се борат со репрезентациите на САД, Кина, Холандија и на Казахстан. Силните соперници и претенденти за награда – репрезентациите на Канада и на Кореа излегоа од играта поради паѓање на спортистите.

13 февруари влезе во историјата на машката руска репрезентација во керлинг како ден на вистински пробив. Вчера Русите ги победија Швајцарците со резултат 7:6. Машката репрезентација на Русија за првпат извојува победа во кружниот турнир по керлинг за цело време на постоење на оваа дисциплина во состав на Олимписките игри.

На Олимписките игри настапи времето за големиот хокеј. Руската репрезентација играше со репрезентацијата на Словачка. Русите извојуваа победа со резултат 5:2 (2:0, 1:2, 2:0). Веднаш по започнувањето на мечот, на втората минута од играта, првиот пак во голот на соперникот го заби Александар Овечкин. За време на играта погодоци за руската репрезентација дадоа Евгениј Малкин, Иљја Коваљчук, Валериј Ничушкин и Антон Белов.

На победата во првиот меч од групата А главниот тренер на репрезентацијата на Русија Зинетула Биљалетединов гледа строго, анализирајќи ја играта како на соперниците на Русија, така и на претставниците на земјата-домаќин на Олимпијадата.

„Мечот покажа дека треба побрзо да реагираме во нашата игра и да ги поправаме моментите кои не помагаат да играме правилно“, забележа Зинетула Биљалетединов и додаде дека не планира измени во составот за следниот меч.

Медали за Руската Федерација на 13 февруари ѝ донесоа и биатлонистите и санкачите. Во составот на репрезентацијата на Русија во тимската штафета во санкање настапија поединечно Татјана Иванова, Аљберт Демченко, а исто така и двојката Александар Денисјев и Владислав Антонов. Спортистите го зазедоа второто место, со време од нешто повеќе од една секунда пред безусловните лидери во овој вид натпреварување. Златен резултат покажа репрезентацијата на Германија. Исто така во тројката победници влегоа и претставниците на Латвија.

Во биатлон во индивидуалната трка на 20 километри бронзената медала му припадна на Евгениј Гараничев. Прв на финишот дојде безусловниот лидер, Французинот Мартен Фуркад. Среброто, пак, му припадна на Германецот Ерик Лесер. Медалот на Евгениј Гараничев е десеттиот за руската репрезентација.

Вечерната кратка програма во уметничко лизгање за мажи беше означена со вистинска драма. Евгениј Пљушченко, откако почувствува болка во ‘рбетот за време на тренинзите донесе решение да не настапува. Тренерот на Пљушченко, Алексеј Мишин, ја прокоментира ситуацијата вака: По екипните натпревари тој почувствува непријатно чувство, но не беше силно и решивме да продолжиме со натпреварите. Вчера на тренинзите неколку пати падна, и тоа силно и незгодно. Тој лизгаше со волка. Но, денес не можевме да отидеме до крај“.

Самиот спортист, пак, објави дека завршува со својата кариера, а како причина наведе дека „12 операции се премногу“. Но, лизгачот не планира да се раздели со уметничкото лизгање: Ќе настапувам во шоу и сега подготвувам нова претстава“.

Евгениј Пљушченко беше единствен претставник на Русија во оваа дисциплина. Замена беше невозможна.

Седмиот ден на Олимпијадата беше означен со трагичен настан на патеката за боб-санки. За време на тренинзите еден од волонтерите беше удрен од боб-санка. Како резултат на ударот на момчето му беа скршени двете нозе. Настраданиот беше однесен во болница. Познато е дека ударот се случил на делот од патеката наменет за кочење. Организацискиот комитет на Олимписките игри и прес-службата на спортската арена засега се воздржуваат од коментари. Се очекува официјална информација од Меѓународната федерација на бобслеј и тобоган, која врши контрола на одржувањето на олимписките натпревари и на тренинзите.

Во општата листа Русија како и претходно се наоѓа на 7 место. На првите три места се наоѓаат репрезентациите на Германија, Канада и на Норвешка.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња