Екатерина Тудегешева, сноуборд
Извор: Imago
Најдобрата руска сноубордистка Екатерина Тудегешева започна да се занимава со спорт како скијачка. Промената на опремата ѝ беше од полза на оваа девојка која потекнува од Сибир. Уште на 14 години се пласираше меѓу дваесетте најдобри на Светското првенство во сноуборд во 2003 година во австрискиот град Крајшберг. До неодамна возењето сноуборд во Русија се сметаше за егзотичен спорт. Денес на снежните планини ширум земјата можете да видите илјадници млади сноубордисти, но досега се нема појавено талент како што е Екатерина Тудегешева. Единствената надеж на рускиот сноуборд има добри шанси да освои медал во паралелниот слалом на терените во Сочи. Многу се очекуваа од оваа двократна светска шампионка.
Евгениј Пљушченко, уметничко лизгање
Извор: Imago
За 31-годишниот Пљушченко ова ќе биде четврто учество на зимските олимпијади. Олимпискиот шампион од Торино закрепна по повредата на ‘рбетот со која се здоби за време на Европското првенство во Загреб, и по пауза од 10 месеци се врати на мразот. На почетокот на ноември 2013 година тој однесе победа на турнирот „Volvo Cup“ во Рига. Тренерот на Пљушченко, Алексеј Мишин ветува дека спортистот, кој во уметничкото лизгање долго време немаше свој ривал, во Сочи повторно ќе го видиме во најдобро издание.
Никита Крјуков, крос-кантри скијање
Извор: Imago
Скијачот Никита Крјуков многумина го запаметија по исклучителниот финиш на спринтерската трка на Олимпијадата во Ванкувер. Тогаш тој заедно со рускиот натпреварувач Александар Панжински го остави зад себе фаворитот на трката Норвежанецот Петер Нортуг. Потоа излезе дека овој успех не е случаен. Крјуков на Светскиот куп покажа стабилно високи резултати и во 2013 година стана светски шампион во поединечен и во тимски спринт. На Олимпијадата во Сочи рускиот спортист има шанса да стане прв двократен олимписки победник во нордиско скијање.
Иван Скобрев, брзо лизгање
Извор: Reuters
Иван Скобрев е руски натпреварувач во брзо лизгање со најмногу освоени титули во поновата руска историја. Сепак, бронзениот и сребрениот медал од Олимпијадата во Ванкувер не се неговиот максимум. Лизгачот од Хабаровск со причина се смета за еден од најперспективните спортисти на Русија. Тој е подготвен да се бори за медал како на трките од десет и од пет километри, така и на пократките патеки. На церемонијата на затворањето на Олимпијадата во Ванкувер Скобрев го носеше руското знаме на репрезентацијата. Во овој универзален лизгач се вложуваат многу големи надежи на Олимпијадата во Сочи.
Александар Третјаков, скелетон
Извор: Imago
Актуелниот светски шампион во скелетон ја започна новата сезона на 26 ноември во канадскиот Калгари. Носителот на сребрен медал од Ванкувер ги сака северноамериканските патеки, кои се вбројуваат меѓу најризичните. Но, резултатите од првиот турнир нема да бидат решавачки. Имено, 28-годишниот натпреварувач својата врвна форма би требал да ја достигне во февруари. Главниот конкурент на Третјаков во Сочи ќе биде Латвиецот Мартинс Дукурс. Во финалните натпревари, како и секогаш, ќе решаваат секундите.
Олга Зајцева, биатлон
Извор: AP
Без оглед на тоа што фаворитки за освојување на златото во биатлон се Германката Миријам Геснер и Норвежанката Тора Бергер, руските спортистки не треба да се занемарат. Меѓу нив особено се издвојува Олга Зајцева, која и на 35-годишна возраст во натпреварот влегува како еден од лидерите на репрезентацијата на Русија. Олимписката шампионка од Торино и од Ванкувер во родната земја може да претендира на победа. Руското раководство во биатлон ја убеди Зајцева да го одложи завршувањето на кариерата заради Олимпијадата во Сочи.
Татјана Волосожар и Максим Трањков, уметничко лизгање
Извор: Reuters
На Олимпијадата во Ванкувер руските лизгачи не освоија ниту едно злато. Во Сочи од репрезентацијата на Русија, која веќе долго ги поставува трендовите во уметничкото лизгање, се очекува само победа. Најголеми шанси за успех има спортската двојка Татјана Волосожар и Максим Трањков. Светските и европски шампиони одлично ја започнаа новата сезона со извојувањето победа на турнирите во Германија, Сад и во Јапонија. Фаворитите на сезоната, кои во слободен состав на Олимпијадата ќе настапат на музика од рок-операта „Исус Христос – суперстар“, тврдат дека сѐ уште не го покажале својот максимум.
Виктор Ан, брзо лизгање на кратки патеки
Извор: AP
Натурализираниот Јужнокореец Ан Хјон Су е вистинско откритие за репрезентацијата на Русија во брзо лизгање на кратки патеки („шорт трек“). Откако во 2011 година доби руско државјанство, Виктор Ан (тоа е името под кое ќе настапи за руската репрезентација) веднаш покажа високо ниво на умешност. Во првата сезона за новиот тим победи во три етапи од Светскиот куп и освои сребро на Светското првенство на патека од 500 метри. Трикратниот олимписки шампион од Торино се надева дека во Сочи ќе ја пополни својата колекција со златни медали.
Алберт Демченко, санкање
Извор: Imago
Во Сочи, 42-годишниот санкач Алберт Демченко ќе постави рекорд. Ова ќе биде негово седмо учество на Олимписките игри. За време на првите три учества Демченко се натпреваруваше во санкање во двојки, а почнувајќи од Солт Лејк Сити, настапува индивидуално. Ветеранот Демченко никогаш го нема освоеното највисокиот медал на Олимпијада. Сребрениот медал од Торино засега е неговото најголемо достигнување. Не може да се замисли посилна мотивација од неговата желба спортот да го напушти по олимписки триумф.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче