Руслан Проводников го исполни американскиот сон

Извор: Imago / Legion Media

Извор: Imago / Legion Media

Нов руски шампион во бокс стана Руслан Поводников. Титулата светски шампион на Светската боксерска организација (WBO) во категоријата до 63.5 килограми, тој му ја одзеде на Американецот Мајк Алварадо многу убаво, принудувајќи го судијата по десеттата рунда да го прекине мечот кој се одржуваше во Денвер, за време на кој соперникот на Проводников двапати се најде во позиција на нокдаун.

Освојувањето на титулата од страна на Руслан Проводников е убав настан не само за Русија, туку и за Америка, која уште одамна го засака овој боксер, за кого дури и беше измислен почесен прекар – Сибирскиот Роки. Америка го засака Проводников од средна категорија поради цврстиот стил, кој не предвидува никакви компромиси и сомнежи за она што во американскиот спорт се нарекува „инстинкт на убиец“. Го засакаа поради претходниот меч во мај против познатиот Тимоти Бредли, кога искусниот Американец за чудо избегна нокдаун, со што успеа да ја задржи титулата шампион.

По оваа победа ќе го засакаат уште повеќе. Ќе го засакаат и за тоа што по неа Проводников, барајќи аналог на она што го направи, моментално му текна на за Американците култниот меч на две легенди – Реј Шугар Леонард и Роберто Дјуран, му текна како Леонард го натера на крајот непобедливиот противник да се предаде. Ќе го засакаат и за тоа што мошне правилно, на американски начин, го оцени своето достигнување: „Ако сакате да станете светски шампион, тогаш треба да ризикувате“.

Руслан Проводников навистина ризикуваше. И тоа е навистина сторија за тоа како страсната желба за остварување на некоја мечта помага во надминување на препреките кои, секако, не биле на страната на рускиот боксер. 

Промотерот Боб Арум вети дека денверскиот меч на двајцата познати и бестрашни борци ќе претендира за наградата „Меч на годината“.

Тој се согласи да се бори со Мајк Алварадо, мошне силен боксер, на поле на Американецот – во неговиот роден Денвер, и згора на тоа со сосема неудобно време за него. Со Руслан Проводников работи Фреди Роуч, еден од најефективните тренери во светскиот професионален бокс. Но, имено сега, имено во овој меч тој не можеше да му помогне. Тој ден Роуч имаше меч со еден од неговите главни ученици – големиот Мени Пакиоу – против Брендон Риос, така што специјалистот се наоѓаше на Филипините. Без разлика на тоа Проводников влезе во рингот и постигна успех на оној начин поради кој го ценат.

Промотерот Боб Арум вети дека денверскиот меч на двајцата познати и бестрашни борци ќе претендира за наградата „Меч на годината“. Сепак, тешко дека ќе ја добие. Но, во крајна линија борбата не беше спуштена под нивото на мечовите кои се познати за Проводников и за Алварадо. Имаше тепачка, имаше крв. И тоа беше прослава на духот и на карактерот.

Мајк Алварадо призна дека во втората и во третата рунда тој почувствувал дека му се приближил на својот ривал, дека може да го совлада. Проводников го закопа, одговарајќи му во четвртата рунда со ненадеен аперкат одлево и со уште неколку опасни удари, со што му покажа дека глупостите за потеченото десно око не му претставува пречка. Тој исто така секогаш можеше да ги истрпи и силните удари.

Овој меч постепено се приближуваше кон кулминацијата. Постепено се зголемуваше неговиот интензитет. Постепено повредите на лицата на обата боксери почнаа да се појавуваат и да стануваат видливи. Постепено се оформуваше некаква супериорност на Проводников, кој се чинеше малку посвеж, малку поупорен.

Проводников, за разлика од сите претходни противници на Алварадо, меѓу кои имало и добри удирачи, бил боксер чии удари можеле да се поднесат многу тешко.

Во осмата рунда Алварадо не можеше да се извлече од повторната канонада и не можеше да ја преживее стоејќи на нозе – мораше да клекне на колена и да слуша како судијата Тони Викс го одбројува нокдаунот. Набргу потоа следуваше втор – новата серија на Руслан Проводников беше проследена со силен удар по торзото и со остар удар право. Мајк Алварадо се покажа како вистински воин, кој се исправи и кој опадна дури на крајот на рундата. Тој раскажа дека во повеќе наврати си го има така спасувано животот, дека знае како да ја поднесе болката кога го удираат. Но, Проводников, за разлика од сите претходни противници на Алварадо, меѓу кои имало и добри удирачи, бил боксер чии удари можеле да се поднесат многу тешко.

Во десеттата рунда предноста на Руслан Проводников над претепаниот Мајк Алварадо беше многу голема. Тој го обработуваше Американецот како што треба – по телото, по главата. Публиката која го обожава Алварадо гледаше на тоа без многу пријатност. Единствен плус беше што тоа малтретирање не траеше долго.

По завршувањето на Рундата Викс му се приближи на помодрениот Алварадо и, како што е предвидено во ваквите случаи, неколку пат го праша спортистот дали е подготвен да продолжи. Секој пат боксерот јасно велеше „Не“. Борбата која во сите ти дела беше во корист на Проводников – 98:90, 97:90 и 96:92, Викс ја прекина.

А, по неколку минути промотерот Арти Пелуло, кој соработува со Руслан Проводников, веќе со задоволство раскажуваше за новите хоризонти што се отвораат пред боксерот, за тоа како тој може да ја мине својата следна борба. Според него, постојат многу варијанти, која од која покуса и поубава од гледна точка на интересноста, на престижот: Пакиоу, Риос, реванш против Бредли, реванш против Алварадо... И никој не се сомневаше во тоа дека сега нема да постои дефицит од добри понуди за екипата на Проводников. Тој, пак, кога го прашаа за неговите планови, чесно изјави „Сакам да одморам“. Сепак, по една ваква бурна сезона, одморот нема да биде лоша варијанта.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња