10 НАЈПОПУЛАРНИ автомобили во Русија

Наука и технологија
ЕЛЕОНОРА ГОЛДМАН
Минатата година во Русија најпродавани беа познатите автомобили од руско производство, но имаше и нови увозни модели.

Според податоците на аналитичката агенција „Автостат“, во Русија во 2023 година биле продадени над еден милион автомобили. Водечки модел на рускиот пазар (со повеќе од 30% од вкупната продажба), како и минатата година, беше веќе добро познатата руска LADA, која се произведува во фабриката на АвтоВАЗ во Тољати (Самарска област). Во исто време, сé поголема популарност стекнуваат сосема нови модели од Кина. Повеќето од нив се кросовери и теренски возила.

Најпродаваните автомобили во Русија во 2023 година се:

1. Lada Granta

Lada Granta, еден од најевтините и најпознатите автомобили, се склопува во фабриката АвтоВАЗ во Тољати (Самарска област). Во 2023 година се продадени 195910 возила, односно 18,5% од вкупниот број продадени автомобили. Овој седан чини 7800-11000 евра, во зависност од конфигурацијата.

2. Haval Jolion

Второто место го зазеде кросоверот Haval Jolion со 55550 продадени автомобили.

Овој модел првпат беше претставен во 2020 година и брзо стана популарен.

Самиот бренд е кинески, но верзијата за Русија се склопува во фабрика во Тулската област, и тоа само моделот со погон на четири тркала, кој е многу ценет во Русија.

Цената се движи помеѓу 25000-30000 евра.

3. Lada Niva Travel

Легендарниот теренец „Нива“ се произведува во фабриката во Тољати од 1977 година. Во 2023 година Русите купија 46896 од овие „Ниви“.

Niva Travel е модерен теренец со погон на четири тркала и одлични перформанси надвор за теренско возење. Покрај тоа, тој е многу поевтин од странските теренци и чини околу 13000 евра.

4. Lada Vesta

Ова е модерен кросовер кој често може да се сретне во руските градови. Се прави во неколку верзии, па дури и во спортска. Купувачите ја фалат „Веста“ затоа што е просторна и има одличен сооднос цена-квалитет. Цената со фабрички опции е околу 15000 евра. Во 2023 година се продадени 41070 возила.

5. Chery Tiggo 7 Pro MAX

Новата верзија на популарниот кинески теренец Chery. Во 2023 година се продадени 41057 автомобили. Подобрувањата во споредба со претходната верзија се однесуваат на техничките карактеристики. Внатре има монитор со екран на допир и контролен панел. Цените во Русија започнуваат од 25000 евра.

6. Lada Niva Legend

Теренецот Niva со три врати е многу сличен на оригиналниот модел од советската ера. Во 2023 година се појавија 39008 среќни сопственици на овој класичен автомобил „за сите времиња“. Моделот чини околу 11000 евра и доаѓа само со рачен менувач.

7. Geely Coolray

Во 2023 година беа продадени 38220 модели на овој кросовер. Во Кина се продава под името Binyue. Руските љубители на автомобили забележуваат во своите рецензии дека стартува без никакви проблеми на мраз од -30 степени Целзиусови и дека генерално зиме се однесува задоволително.

8. Omoda C5

Ова е нов автомобил на рускиот пазар, доаѓа од Кина и е прогласен за најдобар компактен теренец во рамките на националната награда „Автомобил на годината 2023“.

Има футуристички дизајн, модерни технички карактеристики и релативно ниска цена - од 22000 евра.

9. Chery Tiggo 4 Pro

Во 2023 година во Русија беа продадени 32936 автомобили од овој веќе добро познат SUV модел Chery Tiggo. Руските возачи ја нагласуваат високата сигурност и добрата динамика, но велат дека има крута суспензија. Цените започнуваат од 19000 евра.

10. Geely Monjaro

На крајот на листата е пространиот теренец Geely Monjaro. Во 2023 година се продадени 20423 автомобили. Цените започнуваат од 44000 евра.