Десетте најпопуларни автомобили во Русија (ФОТОГРАФИИ)

Виталиј Белоусов/Sputnik
Многу меѓународни автомобилски компании ги составуваат своите автомобили во Русија и воедно ги модифицираат за локалните возачи.

Секој трети жител на Русија има сопствено превозно средство. На почетокот на 2021 година во земјата се регистрирани 45 милиони патнички автомобили. Речиси една третина од нив ги произведува руската компанија за автомобили Лада. Тојота моментално го зазема второто место по популарноста со 4 милиони автомобили во земјата. Најпопуларни модели на Тојота се РАВ4 и Камри. Потоа следуваат Хјундаи и Киа со нешто повеќе од 2 милиони автомобили.

За разлика од САД и од поголемиот дел од Европа каде двајца од тројца жители поседуваат сопствен автомобил, во Русија пазарот на автомобили е сè уште релативно отворен и сè уште се развива. Русија воведува прилично големи царински такси за увезените автомобили со цел да ги принуди меѓународните автомобилски компании да ги составуваат своите автомобили во Руската Федерација. Поради тоа многу странски производители го локализираа своето производство во Русија и во определени случаи дури и ги модифицираа своите модели со цел да се прилагодат на руските патишта и на рускиот вкус.

Русите најмногу сакаат евтини кросовери и седани. Поретко се сеќава хечбек или карван, а малите електромобили се главно необична глетка (во Русија има само 11.000 електромобили, од кои 9.000 се Нисан Лиф).

„Русите не се многу заинтересирани за хечбек, зашто овој модел во Русија не асоцира на високиот статус во општеството“, вели Алексеј Кожухов, експерт за автомобилски маркетинг. Тој истакнува дека во советско време долгиот седан „Волга“ бил третиран како автомобил од висока класа и симбол на власта, и дека ваквите асоцијации се пренесени на следните поколенија.

Производителите направија седани и теренци од економска класа специјално за рускиот пазар. Според податоците на Асоцијацијата на европскиот бизнис, во првата половина на 2021 година околу 45% од продадените нови автомобили биле кросовери.

Најпродаваните автомобили во Русија во 2021 година

1. Лада Гранта

Владимир Путин го тестира економичниот автомобил Лада Гранта за време на посетата на фабриката АвтоВАЗ.

Наједноставен и најевтин автомобили на рускиот пазар е Гранта. Таа се составува во фабриката АвтоВАЗ во Тољати. Во определени типични коментари клиентите велат дека овој автомобил е „сигурен и не прави проблеми“ или „немав некакви големи илузии и го добив она што го очекував“. Седанот без клима-уред чини 560.000 рубли (7.800 американски долари), а ЛУКС верзијата со загревање на ветробранското стакло, со темпомат и со автоматски менувач чини 780.000 рубли (11.000 американски долари).

2. Лада Веста

Посетител го разгледува автомобилот Лада Веста SW во изложбениот салон на автоценатрот „Западни“ во Тамбов. Официјален лидер на Лада во Тамбов.

Веста е најновиот модел на автомобилот „Лада“. Проектиран е како седан и како кросовер, иако постои и спортска верзија. Овој автомобил му одговара на мнозинството корисници, а е поевтин од странските марки. „Кога го купив сфатив дека е тоа АвтоВАЗ и дека подоцна може да има проблеми, но желбата да купам олку убав автомобил беше посилна, а сакав и нова кола во оваа ценовна категорија“; пишува еден руски возач и додава дека не сакал да купи половен автомобил.

Автомобил Лада Веста на саемот за автомобили во 2016 година на централниот плоштад на Владивосток.

Наједноставниот модел со механички менувач, со клима-уред и со воздушни перничиња чини 795.000 рубли (11.200 американски долари), додека најскапата спортска верзија чини 1.2 милиони рубли (17.000 американски долари).

3. Хјундаи Крета

Презентација на автомобилот Хјундаи Крета во Санкт Петербург.

Овој кросовер е еден од најскапите автомобили во својата класа во Русија. Неговата цена се движи помеѓу 1.2 милиони рубли (17.000 американски долари) и 2 милиони рубли (28.000 американски долари) за најдобрата верзија. „Многумина сопственици на моделот Крета од 1.6 кубици се жалат дека не е стартен. Јас не барав спортски автомобил, така што овој ми одговара. Мојот приоритет беше AWD (погон на сите тркала) и тој целосно ги оправда моите очекувања. Сега можам во секое време да одам во природа и да не се грижам дали ќе заглавам во кал“, пишува еден возач од Урал.

Хјундаи исто така беше прв производител на автомобили во Русија кој понуди онлајн продажба на своите модели непосредно од фабрика, без дилер.

4. Хјундаи Соларис

Такси на улицата Иљинка во Москва.

Соларис е верзија на моделот Акцент кој во 2010 година специјално беше локализиран за Русија и се произведува во Санкт Петербург. Руските возачи се очигледно задоволни од овој модел. Станува збор за евтин седан кој добро поднесува температурни разлики и сурови временски услови и во целина е сигурен. „Сакав да го користам барем пет години и да не ја буткам главата под хаубата“, вака еден возач ја образложува својата одлука да го купи овој модел.

Цената на Соларис варира од 890.000 рубли (12.500 американски долари) до 1.3 милиони рубли (18.300 американски долари) за најдобрата конфигурација.

5. Киа Рио

Автомобил Киа Рио во изложбениот салон „Кључавто“ во Краснодар.

Киа Рио исто така се прави во Санкт Петербург од 2011 година. Како и Соларис, се нуди само седан кој е популарен во круговите на локалните купувачи. Дизајнот и техничките карактеристики на Рио во определена мера се разликуваат од верзиите што се продаваат во други земји. Многумина возачи истакнуваат дека овој автомобил има добро греење и дека може да запали на -30 степени според Целзиус. Поради тоа стана еден од најпродаваните модели во Русија. Неговата цена се движи од 950.000 рубли (13.400 американски долари) до 1.3 милиони рубли (18.300 американски долари).

6. Волксваген Поло

Сите модели на Поло што се продаваат во Европа се хечбек, но во Русија Волксваген реши да го модифицира овој легендарен модел и да го направи она што стана еден од најпопуларните седани во Русија. „Колата е кола. Багажникот е огромен и згоден. Внатре има доста место, како напред така и одзади. Лесно се вози, подобро одошто други автомобили од оваа класа“; пишува еден сопственик.

Седанот Поло се составува во фабриката во Калуга (околу 200 километри од Москва). Најевтиниот модел чини еден милион рубли (14.100 американски долари) додека цената на најскапата верзија изнесува 1.9 милиони рубли (26.800 американски долари).

7. Лада Нива

Натпреварување на теренци „Осениј кураж“ во Псковската област.

Првиот советски теренец сè уште се произведува и има лојална клиентска база благодарение на спојот на исклучително ниски цени и отпорност на нерамен терен. Многумина Руси го користат овој автомобил за да дојдат до своите куќички што се наоѓаат далеку од градот.

Наједноставната верзија чини 660.000 рубли (9.300 американски долари). Најскапата се вика Нива Травел (претходно Шевролет Нива), и чини 993.000 рубли (14.000 американски долари). Таа има подигнат одвод за издувни гасови во случај автомобилот да се најде во длабока вода. Овој модел нема автоматски менувач! „Тој е како роден за земјени патишта, избалансиран е одлично, на патот ги голта дупките, така што ништо не се забележува“, пишува еден возач од Амурската област на рускиот Далечен Исток. Клиентите, меѓутоа, истакнуваат дека однатре автомобилот не е многу удобен и дека троши многу гориво.

8. Шкода Рапид PA II

Шкода Рапид 2021

Уште еден седан од економската класа кој ги освои срцата на многумина руски возачи. „Новиот Рапид е лесен за управување, има многу автоматика“; вели еден сопственик од Санкт Петербург. Понатаму во коментарите пишува: „Врти го воланот и притискај гас, а на автопат само вклучи го темпоматот и останатото колата си го прави сама“.

Шкода Рапид се составува во фабриката во Калуга. Наједоноставната верзија чини 990.000 рубли (14.000 американски долари) и веќе содржи мултимедијален систем, тач-скрин и блутут. Најскапата верзија чини 1.4 милиони рубли (19.700 американски долари).

9. Рено Дастер

Автомобилите Рено се составуваат во Москва. Најпопуларен модел на Рено долго време беше седанот Логан, но оваа година титулата ја презеде теренецот Дастер. „Кој може да замисли живот кој повеќе не е итаница“, се шегува еден возач, зборувајќи за возењето во овој автомобил. „Дастер е семеен модел. Колата е доволно добра да може да се мине време во застој во сообраќајот“, пишуваат други.

Наједноставниот модел со механички менувач чини еден милион рубли (14.300 американски долари), а најдобрата верзија 4х4 е со двојно повисока цена.

10. Лада Ларгус VP

Почеток на малопродажбата на Лада Ларгус.

Единствениот карван на овој список го произведува руската компанија АвтоВАЗ. Ларгус прилично евтин автомобил. Популарен е кај љубителите на викенди во куќичките надвор од градот, но се користи и за комерцијални цели. „Главната предност е рамнотежата и сигурноста на патот“, пишува еден возач од Тјумењ (Сибир). „Не треба да се грижите како ќе се снајде Ларгус назима на автопат“.

Сите верзии имаат механички менувач и чинат од 780.000 рубли (11.000 американски долари) до 978.000 рубли (13.700 американски долари).

Прочитајте исто така: Петте НАЈДОБРИ руски автомобили на сите времиња

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња