Во првите сто: Руските „Лади“ меѓу најпродаваните возила во Европа

Lada.ru
Од почетокот на оваа година на европскиот пазар продадени преку 150 илјади руски автомобили.

Возилата на најголемиот руски производител на автомобили, LADA Vesta и LADA Granta се најдоа меѓу стоте најпродавани автомобили во Европа во изминатите девет месеци, објави агенцијата Focus2move. Како што се наведува, на европскиот пазар се продадени 82794 возила од марката LADA Vesta, што е за 46,5% повеќе од истиот период лани. Ваквиот резултат му овозможи на руското возило напредок на ранг-листата, односно скок од минатогодишното 49 на 71 место и позиција меѓу моделите Hyundai i20 (преку 83000 продадени примероци) и BMW серија 5 (82610).

LADA Granta со 74463 продадени возила го зазеде 55 место на ранг-листата, што значи дека скокна за едно место во однос на лани и се позиционираше меѓу моделите Volkswagen Up и Volkswagen Touran. Според пишувањето на медиумите, LADA Granta е попродавана во Европа од моделите Audi А6 и Skoda Superb.

Инаку, веќе втора година по ред Volkswagen Golf со преку 400000 продадени примероци ја држи водечката позиција. Во првите пет влегоа и Renault Clio, Volkswagen Polo, Ford Fiesta и Volkswagen Tiguan. Интересно е што на рускиот пазар меѓу половните автомобили од странско производство според продажбата предничи Ford Focus.

Прочитајте повеќе: Продажбата на „Лада“ во земјите на ЕУ порасна за речиси 11 отсто

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња