Советскиот автомобил кој „трошеше“ обична вода!

Наука и технологија
БОРИС ЕГОРОВ
По улиците на советскиот град Харков во 1976 година се двожеше експерименталниот „Москвич 412“ во кој наместо бензин се точеше обична вода.

Овој неверојатен автомобил го направија стручњаците од локалниот Институт за проблеми на машинството.

„Москвич 412“ беше опремен со мал реактор наполнет со супстанции што акумулираат енергија. Водата стапуваше во хемиска реакција со нив. При таа реакција се ослободуваше водород и тој ја имаше погонската улога во моторот.

Подоцна реакторот беше вграден во „Жигули“ и „Волга“. Меѓутоа, овие модели не беа пуштени во сериско производство. Можни причини за неприфаќање на проектот се прекумерната потрошувачка на супстанции кои акумулираат енергија и проблемите со користењето слични автомобили во услови на суровата руска зима.