1. Брисел 1958.
Најуспешното советско учество на меѓународните саеми на автомобили се случи во Брисел 1958 година. Тогаш легендарната Волга ГАЗ-21 освои Гран-при.
2. Брисел 1958.
На истиот саем беше изложен и главниот автомобил на Горковскиот завод – „Чајка“ ГАЗ-13. Иако „Чајките“ не се продаваа во земјите на капиталистичкиот блок, овој автомобил беше изложен како атракција.
3. Лондон 1960.
Во Лондон 1960 година советските конструктори на автомобили ги изненадија Европејците со масивните модели и проамериканскиот дизајн. Советските „Волги“ и „Москвичи“ изгледаа импозантно во споредба со крајно скромните германски „Буби“ и британските „Мини“.
4. Лајпциг 1960.
На фотографијата од лајпцишкиот саем убаво се гледа дека советските фабрики во странство обично изложувале заедно. Универзалните „Москвичи“, големите „Волги“, раскошните „Чајки“ и лимузините ЗИЛ стоеја едни до други, а со нив и велосипедите „Украина“ и мотоциклите „Карпати“.
5. Лондон 1968.
Кон крајот на 60-те за Советскиот Сојуз многу важни беа девизите. Затоа се работеше на извоз во Европа дури и на „Запорожецот“ ЗАЗ-966. Овие бучни и тесни автомобили со мала кубикажа не се прославија дури ни во СССР, но за извозниот пазар добија привлечно име – „Јалта“.
6. Париз 1971.
Кога во Париз беше изложен Москович-427, универзалниот автомобил кој добро се продаваше во Европа, СССР го испрати трендот на европската сексуална револуција.
7. Њујорк 1973.
Со оглед на тоа дека Советскиот Сојуз ја купи од италијански „Фиат“ лиценцата за производство на автомобилите „Лада“, на почетокот нивната продажба во Европа беше забранета. „Жигули“ беше изложен во САД, каде што го претставија девојки во бикини од самур.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче