Москвич-412
SputnikБританскиот рели-возач Тони Ланфранчи кој во 1972 година победи на трките во серијата Castrol и Britax, возеше Москвич 412. Автомобилот што чинеше помалку од 600 фунти стерлинзи според правилата припаѓаше на последната, четврта група (поделбата е направена според цената на автомобилот, а не според техничките својства). Голем број бодови што Тони ги собра во својата категорија му овозможија нему и на Москвич во вкупниот пласман да ја претекнат најголемата конкуренција, односно BMW 2002 Tii и Ford Capri 3 000 GT, и да станат апсолутни победници.
„Москвич 412“, Тони Ланфранчи/John McKerrell RAC Rally1972
Legion MediaПо овој успех моделот 412 во свое време беше еден од најпопуларните во СССР, а високо беше ценет и во странство.
Благодарение на спојот од оптимална сигурност, сила и штедливост, Москвич уште во текот на шеесеттите години од минатиот век стана водечка марка на советската автомобилска индустрија и мошне бргу повеќе од половината годишен број возила беа правени за извоз.
Подоцна Жигули и Волга го потиснаа Москвич од врвот на ранг-листата „народски“ советски автомобили, така што овој бренд ја изгуби некогашната позиција, за во 2001 година последниот примерок да биде симнат од фабричката лента. Тогаш се сметаше дека марката „Москвич“ му припаѓа на минатото. Од 1998 до 2022 година во московската фабрика „Москвич “ се составуваа автомобили од марките Renault и Nissan, а од 2012 година концернот Renault го откупи целото претпријатие.
Москвич 3, 1955.
Ragge Strand/National Archives of Norway (CC BY-SA 4.0)Во мај 2022 година фабриката премина во сопственост на градот Москва и ѝ беше вратено нејзиното име „Москвич“. Истовремено беше најавено и обновување на производството на истоимениот автомобил, и тоа не само во верзија со мотор со внатрешно согорување, ами и со електричен мотор. Моментално новите модели се преуредена верзија на кинескиот кросовер со погон на предните тркала JAC JS4 (тоа е всушност Sehol E40X), кој се произведува од 2018 година, и се продава не само во Кина, ами и во Бразил, Египет и Либија.
А, кои модели на Москвич своевремено беа сензација на советската автомобилска индустрија?
Првиот модел на Москвич е правен од 1946 до 1954 година. Тоа во голема мера беше копија на моделот Opel Kadett K38, кој се произведуваше во Германија во периодот од 1937 до 1940 година. Советските истражувачи од оваа област велат дека цртежите и мастер-моделите се репродуцирани во Германија со напори на мешовити колективи германски и советски инженери. Подоцна се направени и модификации: фургон и пикап, па дури и кабриолет-лимузина. Завршното тестирање на возилото е извршено дури во 1949 година, кога сериското производство веќе на големо било во тек.
Автомобилот „КИМ-50“ (произведен 1940-1941), експонат на музејот АЗЛК (Фабрика за аутомобили „Ленински комсомол“).
В. Хоменко/SputnikМосковската фабрика за автомобили е пуштена во погон во 1930 година и првите возила на нејзината лента биле американски „Фордови“. Најпрво се составувале оригинали од „матични“ делови, а потоа, од 1933 година, во фабриката се составувале советски лиценцирани копии ГАЗ-А и ГАЗ-АА. Следниот бил КИМ-10-50 на основа на моделот Ford Prefect.
Автомобили „Москвич 407“ (произведени 1940-1941) од Московската фабрика за мали автомобили (МЗМК) наменети за извоз.
Давид Шоломович/SputnikОва беше модернизиран модел на постариот Москвич 402. Се произведуваше во периодот од 1958 до 1963 година, и за тоа време направени се 359.980 примероци, од кои 120.903 за извоз. Неколку години по ред половината од производството заминуваше во странство.
Возилата наменети за западните купувачи имаа каросерија во две бои, доработена надворешност и поскапа кабина, а кај определени примероци воланот беше од десната страна. Овој автомобил се бараше во Франција, во Белгија, во Скандинавија, во Финска и во Велика Британија. Во Европа Москвичи составуваше белгиската фирма Scaldia и ги продаваше под својот бренд Scaldia Essence.
Овој автомобил развиваше брзина од 115 километри на час, што му овозможуваше достоинствено да учествува на своето прво рели „1.000 езера“ во Финска. Москвичите таму дебитираа како основни возила кои не се предвидени за брзи спортски натпреварувања, но на финишот стасаа без какви и да се сериозни проблеми.
Подоцна конструкторите направија спортски Москвич 407 „купе“ со мотор од 70 коњски сили и тој редовно учествуваше на различни меѓународни трки: на рели-трките „Акрополис“ и „Монте Карло“, на маратонските рели трки „Лондон – Сиднеј“ и „Париз – Сиднеј“, и освојуваше медали. Ова дополнително придонесе во странство да порасне интересот за оваа марка.
Милионитиот „Москвич-408“ на Ленинските гори во пробно возење по градот.
Валентин Хухлајев/russiainphoto.ruАвтомобилот со надолни линии на каросериите, „перки“ одзади, издолжени фарови и фелни од 13 инчи (прв ваков во советската автомобилска индустрија) беше мошне популарен како во СССР, така и во западните земји.
Техничките карактеристики (моторот од 60,5 коњски сили развиваше брзина од 129 километри на час) исто така му обезбедија на овој модел популарност во странство. До крајот на шеесеттите години од минатиот век повеќе од половина од секоја партија се правеше за извоз.
Во Скандинавија оваа кола се продаваше под називот Moskvich Carat, во Франција Moskvitch Elite 1360, во Велика Британија (за која се правеше посебна верзија со волан на десната страна) Moskvich 408, во Германија Moskwitsch, во Финска Moskvitsh Elite (со два фара) и Elite de Luxe (со четири фара). Во Бугарија колата се составуваше од советски машински делови под називот Rila 1400. Во Белгија составувањето го вршеше фирмата Scaldia-Volga која продаваше различни модификации на Москвич под називот Scaldia 408, Scaldia 1360, Scaldia 1400, Scaldia 1433 (караван со три врати), Scaldia 1426 (карван со пет врати) или Scaldia Elita. Во извесен број автомобили составени во Белгија се вградуваа европски дизел-мотори.
Автомобилот „Москвич“ под реден број 7 со советската екипа: Александар Ипатенко и Александар Терехин во францускиот град Кале. Рели Лондон–Сиднеј.
SputnikИнтересно е што во СССР моделот 408 чинеше 5.000 рубли или 1.900 фунти стерлинзи, додека во Велика Британија чинеше околу 650 фунти.
Колата се произведуваше од 1964 до 1975 година на две места – во московската и во ижевската фабрика.
„Москвич 412“, Тони Ланфранчи победник на шампионатот во 1972 година.
Legion MediaМоторот на оваа усовршена верзија на Москвич 408 имаше 75 коњски сили и развиваше максимална брзина од 145 километри на час. Во својата класа мали автомобили од втората група со запремнина на моторот до 1.499 кубици беше рекордер по оптоварувањето на моторот. Воедно Москвич 412 ИЕ беше првиот автомобил во СССР кој во 1969 година беше опремен со сигурносни појаси. Освен тоа доби и двокружен систем за кочење и додатоци на браниците за заштита на тој дел од автомобилот. Се смета дека Москвич 412 ИЕ беше првата советска кола во чија конструкција големо внимание беше посветено на пасивната безбедност. Тој од 1969 година беше основен модел на московската фабрика за автомобили и важеше за цврсто возило со висока проодност. Се подразбира дека имаше и спортска верзија за учество на трки.
Автомобилот „Москвич-412“ на тимот „Аутоекспорт“ кој учествуваше на релито Лондон–Мексико Сити.
Валентин Хухлајев/russiainphoto.ruМоделот се составуваше во периодот од 1967 до 1976 година во Москва, а исто така и во периодот од 1967 до 1997 година во Ижевск, каде имаше самостојна марка Иж-2125. Според процените на современиците, ижевскиот Москвич беше составуван поцврстo, додека московскиoт имаше попрефинето уредена внатрешност.
Патнички автомобил „Москвич 412“.
Fortepan (CC BY-SA 3.0)Во двете фабрики се правеа и возила за извоз. Овој модел се составуваше и во Финска и во Бугарија. На бугарскиот пазар се пласираше под називот Rila. SKD монтажата на возилата (составување целосно подготвени крупни компоненти на автомобилот) се вршеше и во Белгија, во претпријатието Scaldia-Volga кое оваа кола ја продаваше под брендот Moskvich Scaldia 1500. Белгискиот Москвич се разликуваше од советскиот по надворешниот изглед на кабината, а покрај тоа како опција имаше и вграден дизел-мотор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче