- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Лубениците се одгледуваа во специјално изграден фитокомплекс развиен во Агрофизичкиот институт. Садењето беше извршено во април, рачното опрашување во мај, а во јули веќе ги пробаа првите лубеници.
„Резултатите од експериментот се импресивни. Успеавме да одгледаме ни повеќе ни помалку туку лубеници во климатските услови на Антарктикот. По вкус и мирис не заостануваат ни малку зад домашните. Во пречник достигнуваат 13 сантиметри и тежат до еден килограм. Се разбира, сите поларни истражувачи со задоволство се потсетија на вкусот на летото. Дури и самото набљудување на никнувањето на ластарите и подоцнежните плодови, како и нивниот раст, предизвикуваше позитивни емоции“, изјави раковидтелот на Арктичкиот и антарктичкиот научно-истражувачки институт, геофизичарот Андреј Тепљаков.
Во најскоро време поларните истражувачи очекуваат ништо помалку импресивен род на краставици.
Експериментот се изведува како дел од 68 руска антарктичка експедиција во соработка со научници од Агрофизичкиот научно-истражувачки институт и Институтот за медицинско-биолошки истражувања на Руската академија на науките.
„Восток“ е руска станица на Антарктикот која работи преку целата година, основана во 1957 година. Се наоѓа речиси во центарот на копното, на место кое важи за „најстудената точка на планетата“. Во 1983 година таму беа измерени 89,2 степени Целзиусови под нулата. Дури и во лето тука ретко е потопло од минус триесет степени Целзиусови.