Aurus Arsenal
Olivier CABARET, PARIS, FRANCE / commons.wikimedia.orgМала сериска серија на миниванови Aurus Arsenal ќе биде произведена во 2024 година, изјави за ТАСС Фјодор Назаров, генерален директор на Државниот научен центар ФГУП „НАМИ“.
„Планираме мала серија во 2024 година“, рече тој на 13-та меѓународна индустриска изложба „Инопром 2023“.
Во моментов ФГУП „НАМИ“ го склопува Aurus Arsenal, главно за потребите на возниот парк за посебни намени, одделението на руската Федерална служба за обезбедување, која е одговорна за безбедно движење на претседателот, премиерот и странските лидери кои се во посета. Погонскиот систем е сличен на оној што е инсталиран на седанот Aurus Senat. Се состои од твин-турбо V8 мотор со зафатнина од 4,4 литри и електричен мотор поврзан со деветстепен автоматски менувач. Моќноста на моторот со внатрешно согорување е 598 КС, а на електромоторот 62 КС.
Во моментов линијата „Аурус“ ја сочинуваат седанот Senat и кросоверот Komendant. Вториов сè уште не е во продажба официјално, но може да се нарача во салоните за автомобили. Времето на чекање ќе биде околу осум месеци. Прелиминарните цени варираат од 33 до 35 милиони рубли.
Покрај автомобилот, „Аурус“ има намера да го произведува и електричниот мотоцикл Merlon, кој е опремен со електромотор од 190 коњски сили и овозможува да се развие брзина од 100 km/h за помалку од 4 секунди. Максималната брзина е 200 km/h. Благодарение на капацитетот на акумулаторот од 21 kWh, со едно полнење може да помине 200 километри.
Кон крајот на 2023 година Aurus планира да претстави нова верзија на седанот Senat на водороден погон, изјави Назаров уште во април. Тој модел официјално ќе биде изложен на Меѓународниот еколошки самит во Обединетите Арапски Емирати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче