Новиот модел Lada X-Cross 5 е создаден врз основа на кинескиот кросовер FAW Bestune T77.
Според дописникот на РБК, новиот кросовер на „Лада“ ќе се склопува во поранешна фабрика на „Нисан“.
Како што се очекуваше, Lada X-Cross 5 е копија на кинескиот кросовер Bestune T77 на автомобилскиот концерн FAW. Тоа е автомобил со пет врати, има погон на предните тркала, 1,5-литарски бензински турбо-мотор и автоматски менувач со седум брзини.
Главната разлика помеѓу новиот модел на „Лада“ и кинескиот оригинал се руските таблички со логото на „Лада“, т.е. стилизираниот брод со едра во вид на буквата „В“ впишана во овалот.
Ова не е прв пример кинески автомобили да се склопуваат во Русија под домашен бренд. На крајот на 2022 година во Москва, во поранешната фабрика на „Рено“, започна склопувањето на автомобили JAC под брендот „Москвич“. Претставниците на „АвтоВАЗ“ во повеќе наврати нагласуваа дека компанијата по почетокот на производството постепено ќе го зголемува уделот на домашни делови во своите нови автомобили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче