Aurus го претстави електричниот мотоцикл Merlon за моторизирана придружба на државните функционери

Виталиј Белоусов/Sputnik
Главната намена на мотоциклот е да ја следи колоната со возила на руски државници и дипломати.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Пробната партија мотоцикли Aurus Merlon е завршена и сега поминува низ комплетниот циклус тестирања, беше соопштено на штандот на Централниот научноистражувачки автомобилски и автомото институт (НАМИ) на меѓународната индустриска изложба „Иннопром“ која беше отворена во Екатеринбург. Беше истакнато дека мотоциклот за придружба веќе има „завршен надворешен дизајн“. Дополнително, дефинирани се неговите клучни параметри во однос на технологијата, деловите и ергономијата. Aurus на две тркала може да се појави на патиштата во 2022 или 2023 година.

Потврдено е дека електромоторот на мотоциклот има моќност од 140 киловати или 190 коњски сили. Aurus Merlon од место до 100 км/ч забрзува за 3,7 секунди, а максималната брзина му е околу 200 км/ч. Може да помине 200 километри без дополнување на акумулаторот. Конструкторите најавуваат дека мотоциклот ќе функционира и на температури под нулата, дури и до -25 степени Целзиусови.

Главната задача на новиот мотоцикл ќе биде да ги придружува автомобилите на високите функционери, но линијата ќе има и различни верзии на тешки мотоцикли за други задачи, меѓу другото и за потребите на МВР на РФ и Министерството за вонредни состојби на РФ (МЧС), како и цивилна варијанта која ќе биде во слободна продажба. Минатата година беше патентирана странична приколка за Merlon со аеродинамичен капак и хоризонтално светло кое ја покрива речиси целата ширина на мотоциклот.

Прототипот на Merlon го направи концернот „Калашников“ земајќи ги предвид барањата на стручњаците на Гаражата за посебни намени на Федералната служба за обезбедување (ФСО) на Русија. Претходно медиумите соопштија дека сериското производство би можело да започне во 2022 или 2023 година, но сé уште нема подетални информации во однос на тоа прашање.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња