Aurus Komendant
Aurusmotors„Ве информираме дека планираме производство на 200 автомобили Aurus Komendant во текот на 2023 година“, соопшти информативната служба на компанијата. „Тоа е вкупна бројка во која влегуваат и автомобили произведени во фабриката Aurus во Република Татарстан, како и во погонот на ФГУП „НАМИ“.
Информативната служба ја наведе како пример за споредба статистиката на продажба на автомобили од странско производство на овој сегмент од пазарот. „Бентли“, на пример, во 2021 година во Русија продаде 256 автомобили.
„За споредба, светски познатиот британски производител на автомобили и водечки бренд во лукс-категоријата продаде во РФ 256 возила во текот на 2021 година (според податоците на извештајот за регистрации на Рускиот државен инспекторат за безбедност во сообраќајот (ГИБДД)). Во овој обем се пресметани продадените автомобили на сите модели од оваа линија. Aurus планира во 2023 година да исфрли на пазарот приближен број возила, но само еден модел, а тоа е Aurus Komendant. Во наредните години Aurus ќе го зголеми обемот на производство согласно бизнис-планот на својот проект“, додаваат од компанијата.
Aurus е руски бренд на автомобили од високата класа. Во моментов се произведуваат два модела - Aurus Senat и теренецот Komendant. Производството на теренското возило беше лансирано на крајот на ноември. Компанијата прецизираше дека почетната цена на автомобилот ќе изнесува 33,7 милиони рубли. Дилерите на брендот кон крајот на септември почнаа да примаат прелиминарни нарачки за Komendant. Производството на првиот модел, седанот Senat, започна во мај 2021 година (податоци за обемот на производство и продажба не се откриваат).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче