- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Автомобилите од домашно производство најмногу развиваа брзина во границите од 200 км/ч.
Советските спортски автомобили дури настапуваа и на меѓународни натпревари, иако со променлив успех. На пример, во 1958 година, советската екипа го зазеде третото место на релито во Финска (Neste Rally Finland), а во 1971 година советските тркачи за прв пат учествуваа на кружната трка „24 часа Спа“ (24 Hours of Spa) во Белгија. Автомобилите „Москвич-412“ стигнаа на целта последни, но за волја на вистината, треба да се каже дека многу екипажи не стигнаа ни до целта.
„Пионер 2-М“ во 1963 година постави рекорд кој не беше надминат во СССР.
Liftarn (CC BY-SA 3.0)
„ГЛ-1“ беше направен во 1938 година. Се смета дека тоа е првиот советски спортски автомобил.
Alexander Plushev (CC BY 2.0)
ГАЗ „Торпедо“ личи на ракета. Развиваше брзина од 190 км/ч и постави неколку рекорди на Советскиот Сојуз.
Архив на Музејот на историјата на ОАО „ГАЗ“
ЗИЛ-112С во целост одговараше на техничките стандарди на Меѓународната автомобилска федерација и развиваше брзина од 270 км/ч.
Liftarn (CC BY-SA 3.0)
„Победа-Спорт“ беше направен 1951 година специјално за линиски трки. Развиваше брзина од 191 км/ч.
Архив на Музејот на историјата на ОАО „ГАЗ“