Тркачки аутомобил „Ѕвезда“
Archive photoОткако луѓето го измислија автомобилот, главната цел на многу конструктори е максималната брзина што може да ја развие возилото. Советските конструктори без двоумење се приклучија на таа трка.
Советски спортски автомобил ГАЗ-ЦАКС
Archive photoВо 1937 година, Московскиот централен автомобилски спортски клуб го направи спортскиот автомобил со две седишта ГАЗ-ЦАКС. Можеше да развие брзина од 131,1 км/ч.
Советски спортски автомобил ГАЗ-ЦАКС
Archive photoДруг тркачки автомобил под називот ГАЗ-ГЛ-1 се појави во 1938 година. Направен е врз основа на патничкиот автомобил ГАЗ-М1 кој од 1936 до 1943 година беше во сериско производство во СССР.
Првиот спортски автомобил на Фабриката за автомобили ГАЗ произведен 1938 година. Конструктор на овој автомобил беше Евгениј Агитов.
SputnikВо споредба со стандардниот патнички модел, тркачката верзија изгледаше многу попредизвикувачки. ГЛ-1 развиваше брзина од 147,84 км/ч.
Автомобил ГАЗ-ГЛ-1 (1940) на отворањето на историската изложба на автомобили марка ГАЗ „Хероите на своето време“ во ГУМ.
Рамиљ Ситдиков/SputnikЗа време на Втората светска војна дојде до прекин во развојот и производството на спортски автомобили во СССР. По војната, московскиот инженер Александар Пељтцер предложи проект на крајно необичен тркачки автомобил кој, според него, можеше да ги собори сите постоечки светски рекорди во постигната брзина.
Болидот беше замислен како целосно нов модел, кој не се базира на ниту еден постоечки сериски патнички автомобил во Советскиот Сојуз. Конструкторот сметаше дека за да се достигне максималната брзина возилото треба да се проектира на соодветен начин, а при изградбата да се води само според таа една цел.
Тркачки автомобил „Ѕвезда“
Archive photoВладата ја одобри идејата и после тоа автомобилот беше направен за само пет месеци. Новиот тркачки автомобил го доби името „Ѕвезда“ и на страните имаше насликана црвена ѕвезда.
„Ѕвезда“ имаше заоблена аеродинамична каросерија без рамни површини и остри агли.
Тркачки автомобил „Ѕвезда“
Archive photoКонструкторите на советските тркачки автомобили ги следеа светските трендови и ги проучуваа намалувањата на отпорот на воздухот во зависност од обликот на каросеријата. На пример, Mercedes Benz W125 "Rekordwagen" беше конструиран според сличен принцип.
Тркачки автомобил W125 Rekordwagen од марката Mercedes-Benz во музејот во Штутгарт, Германија.
Morio (CC BY-SA 3.0)Покрај аеродинамичниот облик на каросеријата, тркачкиот автомобил „Ѕвезда“ беше и многу низок, само 720 мм од земјата. Со други зборови, на возрасен маж со просечна висина не му беше ни до колкот. Автомобилот имаше мотор од 30 КС.
Првото тест-возење на „Ѕвезда“ беше изведено на 23 септември 1964 година. Тогаш беа откриени незначителни недостатоци, по што беше дотеран карбураторот и беа дефинирани оптималните пропорции на бензен и алкохол, компоненти на горивото кое го трошеше овој автомобил.
Една недела подоцна „Ѕвезда“ разви брзина од 148 км/ч на Минскиот пат во Москва.
Тркачки автомобил „Ѕвезда“
Archive photoЕдна година подоцна конструкторите создадоа нов модел наречен „Ѕвезда-2“. Имаше нов менувач, модернизиран систем за ладење на моторот и нов мотор со 42 КС. На тест-возењата автомобилот разви брзина од 159,5 км/ч.
Тркачки автомобил „Ѕвезда“
Archive photoПо модернизацијата го доби името „Ѕвезда-3“ и тој модел, меѓу другото, имаше и нов мотор од 64 КС. Беше полесен и поаеродинамичен од претходните верзии и можеше да развие брзина од 205 205 км/ч.
Ѕвезда-М-НАМИ
Archive photoПоследниот модел од серијата „Ѕвезда“ ја доби ознаката „Ѕвезда-6“. Во споредба со претходните модели, имаше впечатливо издолжена каросерија. Развиваше брзина од 182,8 км/ч. На крајот на 1962 година конструкторското биро за тркачки автомобили беше затворено и производството на експериментални болиди беше суспендирано.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче