„КАМАЗ“ неодамна претстави нов камион без возач за автономна работа во планински беспаќа. Возилото има шасија на четири тркала и каросерија, но нема кабина бидејќи со него не управува возач.
Новиот автономен камион КАМАЗ-6559, кој уште се нарекува и „Јупитер 30“, е наменет за транспорт на руда без ризик по човечкиот живот на опасни места како што се, на пример, отворени рудни копови.
„Јупитер“ првично беше конструиран како автономно транспортно возило за работа во каменолом. Опремен е со сета потребна опрема. Има камери заштитени од прашина, кал, влага и вибрации, 2D и 3D лидари, ултразвучни сензори и радари, како и GSM антени со GPS/GLONASS навигација. Двете осовини се подвижни, така што возилото има добри маневарски карактеристики“, вели Сергеј Назаренко, главен конструктор на Научноистражувачкиот и опитно-конструкторски центар за иновативни возила на компанијата „КАМАЗ“.
Покрај тоа, новото возило може да се движи во режим „шатл“, т.е. да сообраќа од една до друга точка на товарење во програмиран циклус. Со тоа се зголемува ефикасноста на возилото и се намалуваат неговите работни циклуси.
Новиот камион „КАМАЗ“ има 11,9-литарски мотор со шест цилиндри. Моторот го напојува електричниот агрегат кој обезбедува енергија на влечниот електромотор и ги полни влечните акумулатори. Акумулаторите се конструирани да се полнат за време на паузите во работата или додека камионот се движи по нагорнина под благ наклон.
„Јупитер 30“ е долг 8,8 метри, широк 2,7 метри и висок 3,4 метри. Може да носи 30 тони товар. Неговата максимална брзина е ограничена на 56 км/ч.
Назаренко во име на компанијата соопшти дека „КАМАЗ“ планира во иднина да конструира неколку слични модели. Во моментов камионот без возач е во фаза на доработка, по што ќе биде тестиран пред компанијата да го испорача во копот Чернигов во Кемеровската област.
Дознајте овде зошто камионите „КАМАЗ“ се сметаат за најдобри на светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче