Компанијата КамАЗ на својот канал на „Јутјуб“ објави снимка на која се претставени можностите на автономниот товарен камион „Челнок“. Главната карактеристика на руското автономно превозно средство е немањето кабина за возачот.
Моделот 3373 „Челнокˮ е првото комерцијално автономно возило во Русија за кое е издаден патент. Шлеперот е долг 8 метри, широк 2,5 метри и висок 4 метри. Според овие карактеристики може да се спореди со моделот со средна носивост КамАЗ 4308, со тоа што автономниот камион нема никаква кабина, што значително ја намалува неговата цена и овозможува повеќе корисен простор во возилото.
При сопствена тежина од 8000 килограми, „Челнок“ може да повезе до 10 тони полезен товар. Притоа тој нема преден и заден дел и може да се движи во кој било правец. Благодарение на тоа што сите тркала на возилото се погонски, шлеперот може да се сврти на мал простор, како и да се движи дијагонално во таканаречениот режим на „рак“.
„Челнокˮ има синхрон електромотор со постојани магнети и батерија од 60 киловат-часови. Максималната брзина му е 40 километри на час, а со полна батерија може да помина до 50 километри. Според инженерите, со оглед на тоа дека автономното превозно средство е наменето за затворени простори на фабрики за автомобили, овие карактеристики се доволни за извршување на поставените задачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче