Зошто Камаз е најдобар на светот?

Red Bull Content/Global Look Press
Камаз е еден од најмоќните камиони на светот. Освен тоа што превезува товар, тој е и незаменлив помошник на војската и на полицијата, и е повеќекратен шампион на маратонското рели „Дакар“

1. КАМАЗ-5320

Првиот камион од оваа марка се појави во 1976 година. Легендарниот КАМАЗ-5320 беше во сериско производство речиси 25 години. Советските конструктори брзаа да ги задоволат потребите на советската индустрија од тоа време. Во првата година од производството секојдневно од лентата беа симнувани 21 камион. Овој модел е испратен во Источна Германија за да ги опслужува советските единици.

КАМАЗ-5320

Моделот КАМАЗ-5320 беше лесен за управување, имаше поголема кабина одошто другите камиони и добро се покажа на нерамен терен надвор од патиштата. Слаба точка му беше лошиот квалитет на деловите во првите партии на овој камион. Затоа дефектите беа чести и не се отстрануваа. Овој недостаток беше саниран во следните модели.

2. КАМАЗ-4310

Овој омилен модел на советската армија се произведува веќе 40 години. Од особена корист беше на воените единици распоредени во Авганистан. Беше сигурен и комфорен, и подеднакво корисен во транспортот на опрема и на жива сила. КАМАЗ-4310 со монтиран противвоздушен топ беше моќно оружје, идеално за покривање колони со транспорт.

3. КАМАЗ-4326-9 VK

Red Bull Content

Овој повеќекратен шампион на многубројни автотрки повеќе од една деценија се користи како главно транспортно средство на екипата „КАМАЗ-Мастер“. Камионот тежок 9 тони брзо развива брзина од 140 километри на час, и тоа на нерамен терен надвор од патиштата. Од самиот старт до полна брзина е необично тивок.

4. КАМАЗ-6350

Ова е еден од најдобрите модели на Камаз на сите времиња. Ефикасен е на екстремно ниски и на екстремно високи температура, па затоа со задоволство го користат и арктичките единици на руската армија и Кралските вооружени сили на Саудиска Арабија. Модификацијата на овој модел со ознака 63501, познат под називот „Мечка“ е прилагодена на потребите за превоз на тешко артилериско оружје кое заедно со проектилите и со екипажот може да тежи и 12 тони.

5. КАМАЗ-63968 „Тајфун“

Оклопен модел „Тајфун-К“

Горчливото искуство од војните во Авганистан и во Чеченија сведочи дека превозот на војници во обични камиони може да резултира со големи загуби доколку ова ранливо превозно средство падне во заседа. Поради тоа Камаз направи оклопен модел „Тајфун“ кој е добро заштитен од фугасно-распрскувачки проектили и од тешки митралези. Денес „Тајфун“ го користат руската воена полиција, рударите, воената разузнавачка служба и Спецназ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња