Во базата на податоци на „Роспатент“ се објавени прикази на товарно возило без кабина кое ќе има електричен погонски агрегат. Пријавата е поднесена минатото лето, а како носител на правата е наведена компанијата „Камаз“.
Бидејќи нема кабина, камионот изгледа необично, правоаголна каросерија на шасија со две осовини и мал клиренс, како и тркалезни светла и задни фарови.
Нема детали во врска со погонскиот агрегат освен дека е електричен. Може да се очекува прикажаното возило да е самовозечко.
Според дизајнот, новиот модел на „Камаз“ потсетува на шлеперот без возач кој од јуни минатата година превезува контејнери од логистичкиот центар до поморското товарно пристаниште во Гетеборг. Таквите камиони се движат во низа по утврдена рута со брзина до 40 километри начас. Сите се обединети во единствена мрежа, приклучени на клауд-сервис и далечински контролирани од операторите.
„Камаз“ кон крајот на минатата година најави тестирање на самовозечкиот камион „Камаз 4308“. Камионите-роботи се тестираат на површинските копови во Кузбас. Потоа компанијата планира производство на кипери без возач за превоз на јаглен и земја на површинските копови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче