Александар Фјодорович Можајски го поминал целиот свој живот на море и секогаш сонувал за небото. Стигнал до чин контраадмирал и влезе во историјата како пронаоѓач на првиот руски авион.
Портрет на Александар Фјодорович Можајски (1825 - 1890).
Алексеј Вартоломеев/SputnikМожајски се повлекол од службата на почетокот на 1860-тите и целосно се посветил на конструирањето на авиони. Со часови ги набљудувал птиците во лет, ја проучувал нивната анатомија, правел змејови и сам ги тестирал на небото. Во тие експерименти честопати и самиот се здобивал со повреди.
Змејот со кој Можајски полетал 1876 година.
TASSАлександар Фјодорович во 1876 година го демонстрирал својот прв мал летечки модел на авион пред публиката во манежот на Берејторското коњичко училиште во Санкт Петербург. Тоа „чамче“ го движеле пропелери, а нив ги движела навиена пружина на часовник. „Леталото“ се движело низ воздухот со брзина од 5 м/с носејќи еден килограм товар.
Пронаоѓачот многу добро го решил прашањето на воздухопловството, кое одамна е на ред“, пишува бродоградежниот инженер, полковник Павел Богословски. „Апаратот со помош на своите погонски справи не само што лета и јури по земја, туку може и да плови. Брзината на неговиот лет е зачудувачка; тој не се плаши ни од тежина, ни од ветер, и може да лета во сите правци... Искуството докажа дека нашиот надарен сонародник ги совладал пречките за воздушна пловидба кои постоеја досега“.
Цртеж на авионот на Можајски.
Public domainСледниот чекор на Можајски бил создавање „воздухопловна справа“ во природна големина „на која човекот би можел да управува со силата на машината и правецот на движење“.
На конструкторот му било потребно финансирање за да создаде вистински авион. Будејќи 1877 година започнала војната против Отоманската империја, тој сметал дека военото раководство ќе биде заинтересирано за проектот. Меѓутоа, специјалните комисии дошле до заклучок дека проектот на Можајски не е доволно убедлив и е прескап за да се трошат државни пари на него.
Слика на еден од летечките модели авиони на А. Ф. Можајски.
Public domain„Сакав да ѝ бидам од полза на мојата татковина и се посветив на својот проект, поради што ја напуштив услугата и се одреков од останатото што исто така беше исплатливо во поглед на заработувачката и кариерата“, се жали Александар Фјодорович: „Најпрвин ја потрошив онаа малку готовина што ја имав, потоа се задолжив, продадов и заложив сè што има некаква вредност, дури и часовникот и бурмите... И дури кога стигнав до крајот, до сиромаштија, немајќи веќе ни одело што му прилега на офицер, замолив за помош од државата, и тоа не награда, туку насушното парче леб...“
Државата не се согласила да го финансира проектот во целост, туку му издвоила само дел од средствата за продолжување на истражувањето. Сепак, работата напредувала, иако бавно и тешко. Така, во 1884 година бил завршен првиот руски авион, кој Можајски го нарекол „Жар-птица“ по ликот од словенските бајки.
Макета на авионот на Можајски.
Државен политехнички музеј/Владимир Галин„Монопланот беше чамец со дрвени ребра, покриени со ткаенина. Правоаголни крила, малку конвексни нагоре, се прикачени на страничните ѕидови на чамецот. Сè е покриено со тенка свилена ткаенина натопена во лак. Плетената мрежа на крилата беше од дрво (бор)... Крилата беа подигнати приближно еден фат (нешто повеќе од два метра – заб. Russia Beyond) над земјата. Чамецот имаше два јарбола. Крилата се држеа со жичани јажиња затегнати на јарболите и постаментите. Двата мотори се сместени во предниот дел на чамецот... Имаше три пропелери, секој со по четири лопатки...“ - така го опишува изумот на Можајски весникот „Новое време“.
Авионот тежел речиси еден тон и бил долг 15 метри. Распонот на крилата му бил 24 метри. Го придвижувале два мотори на парен погон на британската компанија „Арбекер-Хамкенс“ со 10 и 20 коњски сили.
Макета на авионот на Можајски со кој 1882 година е изведен првиот лет на светот.
Рунов/SputnikЕсента 1884 година „Жар-птица“ бил тестиран на едно поле во близина на Санкт Петербург. Била направена писта во вид на закосена дрвена патека. Александар Фјодорович во тоа време веќе бил во години (57), па било одлучено зад воланот да седне механичар.
Авионот на парен погон на Можајски зел залет на дрвена патека, се кренал во воздух и летал право околу 100 метри, а потоа почнал да ја губи висината, бидејќи моторите не биле доволно силни. При атерирањето било оштетено крилото на авионот.
Модел на првиот на светот авион кој А. Ф. Можајски лично го направил и финансирал.
Централен военопоморски музеј/А.Вартоломеев/SputnikНа конструкторот му било мило што авионот успешно полетал, но бил свесен дека е неопходно да се усоврши леталото. Меѓутоа, Александар Фјодорович починал во 1890 година, пред да може да ја реализира својата замисла до крај. „Жар-птицата“ била запоставена. Изгорела пет години по смртта на својот пронаоѓач.
Сепак, работата на Можајски не беше залудна. Неговите достигнувања беа успешно искористени на почетокот на ХХ век во создавањето на џиновските авиони „Руски витез“, „Свјатогор“ и „Иља Муромец“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче