Руските тенкисти покажаа тенк отпорен на дејство на американскиот систем FGM-148 Javelin? (ФОТО)

Сергеј Аверин/Sputnik
Станува збор за надградба која ќе овозможи заштита на горната проекција на тенковите од проектили кои се стрмоглаво се обрушуваат врз целта (дронови-камиказе , FGM-148 Javelin и сл.). На овој начин животниот век на тенкот ќе биде продолжен затоа што е општо познато дека најтенкиот слој заштита се наоѓа токму од горната страна на основните борбени тенкови.

На воениот полигон „Раевски“(Краснодарски регион), кој се наоѓа под јурисдикција на Јужниот воен округ, беа забележани тенкови со вертикални решетки над тенковската купола. Нивната основна намена е заштита на најслабата точка на секој тенк, а тоа е врвот на куполата каде што оклопот е најтенок.

Станува збор за надградба која ќе овозможи заштита на горната проекција на тенковите од проектили кои се стрмоглаво се обрушуваат врз целта (дронови-камиказе , FGM-148 Javelin и сл.). На овој начин животниот век на тенкот ќе биде  продолжен затоа што е општо познато дека најтенкиот слој заштита се наоѓа токму од горната страна на основните борбени тенкови.

Неодамна на Крим (во градот Севастопол) првпат беше забележана најновата модификација на основниот борбен тенк Т-72Б3 кај кој на куполата се „заварени“ вертикални противкумулативни решетки кои би требало да го заштитат од наведувани проектили кои ја напаѓаат горната проекција на тенкот. Оваа заштита значително го зголемува степенот на преживување на тенкот против, на пример, противтенковски ракетен система FGM-148 Javelin кој токму на тој начин ги уништува оклопните борбени средства. Овој систем од неодамна се наоѓа и во вооружувањето на украинската армија.

Покрај тоа, руските тенкисти во состав на Јужниот воен округ согласно борбеното искуство (војната во Сирија) ја зајакнаа и секцијата каде што се наоѓа моторот. Тие го пополнија тој простор со вреќи со песок и на тој начин дополнително го заштитија виталниот дел на тенкот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња