Автомат за спецназот: Необично тестирање на АК-105 (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Група ентузијасти од САД која се занимава со тестирање на огнено оружје сними уникатен тест на една од модификациите на автоматот „Калашников“. Се работи за моделот АК-105 кој меѓу другите го користи и руската специјална единица „Алфа“. Тој во голема мера се разликува од вообичаениот АК, така што и самото тестирање е исклучително интересно.

Видео-прилогот започнува со смешна сцена во стилот на „Војна на ѕвездите“, каде улогите на „терористите“ ги играат штитови со портрети на бандити, а позитивните јунаци ги играат ентузијасти вооружени со автомати АК-105. „Терористите“ отвораат оган од ласерско оружје, а „јунаците“ возвраќаат со оган од калашникови.

По оваа шега, започнува сериозен тест на ова необично оружје. Авторот на видео-прилогот детално објаснува што е доработено кај автоматот и го споредува со „стандардниот“ модел АК. Тука не станува збор само за помодерната опрема, ергономијата и исклучително убавиот изглед, туку и за јачината на истрелот, должината на цевката, непреченото движење на затворачот и ставањето на рамката за муниција.

Цевката на АК-105 е неколку сантиметри пократка, но тоа воопшто не влијаеше на квалитетот на балистиката. Напротив. Цевката за одвод на барутните гасови која ја потиснува затворачот е скриена зад додатоците и не е видлива. Оружарите успеале да направат навистина ненадмината ергономија.

„Сметам дека било чисто привидение што цевката за одвод на гасовите кај автоматите од серијата АК-100 беше толку долга за да се скрати на 12,4 инчи (31,5 см)“, вели авторот на видеото. „Уште поинтересно ми е што автоматите од серијата АК-100 беа наменети исклучиво за извоз, но некои модели брзо се најдоа во официјалниот арсенал на Мајка Русија“.

Експертите ја мерат и јачината на звукот при пукањето од автоматот и укажуваат дека тој е малку потивок од другите модификации. Особено внимание заслужуваат непреченото движење на затворачот и леснотијата на ставање на рамката со муниција. И навистина, изгледа необично дури и кога го гледате на видео.

Се разбира, тука е и телескопскиот кундак кој борецот може лесно да го прилагоди како што му одговара, што е за пофалба.

Во текот на целиот тест авторот на видеото во неколку наврати не го крие своето воодушевување од овој производ на руските конструктори и вели дека тоа е неговото омилено оружје кое нема пандан во целиот свет.