Стрелци за време на тренинг во Меѓународниот центар за обука на сили за специјална намена.
Сергеј Вењавски/TASSНа почетокот на октомври бев на натпреварување кое не е отворено за јавноста. Во Чеченија се натпреваруваа единиците за специјална намена на СОБР, ФСБ и Министерството за одбрана на РФ. Таму видов ексклузивна варијанта на автоматот „Калашников“, таканаречената „стота“ серија, направена специјално за поранешен припадник на „Алфа“ – најважната руска специјална единица која прва ја праќаат во „оган“, т.е таму каде што е најтешко и најопасно. Оваа варијанта на АК-105 е единствениот таков примерок, прилагоден специјално за еден припадник на спецназот, кој учествувал во воени операции изведувани во градски услови.
Таква верзија на „стотката“ претходно нема видено ниеден стручњак, така што во овој текст ќе ги изнесам своите впечатоци за неа.
Уникатот „АК Алфа ФСБ“ е всушност спој на последните новитети во сферата на производство и опремување на оружјето. Од класичниот автомат „Калашников“ во него остана само „механиката“. Сé друго е ново.
Овој автомат нема ништо заедничко со типичниот АК-12 или со АК-105 со калибар 5,45х39 мм од полимер, освен што е направен врз негова база. „АК Алфа ФСБ“ има посебна модификација за ноќни услови или за темни простории во урбана средина.
„Фул опремата“ чини околу 4000 долари, т.е. е четири пати поскапа од самиот АК-105. Додуша, нема сомнеж дека ни тоа не е најскапата варијанта на пазарот. Цената на одделни модели на американскиот М-4, германскиот H&K и други автоматски пушки може да достигне и 10000 долари, но за руски прилики дополнителни 4000 долари (преку цената на автоматот) е многу крупна сума.
Оружјето и целата опрема за него ја направи руската компанија „Zenitco“ од авионски алуминиум отпорен на удари. Да, токму од авионски, кој се користи во авионската индустрија. Сопственикот на автоматот вели дека со кундакот може да скрши бетонски блок.
Кундакот е прилагодлив (модификацијата има ознака „ТТ-3“). Може да се склопи и рашири, и тоа според должината на рацете, а може да се прилагоди и за панцирен елек или зимска униформа. ТТ-3 има прилагодлив „образ“, како кај кундаците на снајперските пушки, да се потпре лицето кога се нишани.
„АК Алфа ФСБ“ има специјално обработен капак на сандакот со Пикатини-шини. Сопственикот вели дека капакот се прицврстува на автоматот како слеан и идеално ја држи точката на нишанење по монтирањето дополнителни нишани. Треба да се нагласи дека на автоматот можат да се стават сите нишани присутни на пазарот колиматорски, оптички, ласерски, итн.
Кога сме кај нишаните, во опремата на овој автомат е веќе присутна целата можна нишанска опрема. Тоа е всушност и најскапата ставка. На предниот ракофат е закачен ласерски обележувач на целта „Перст-4“ кој чини преку 2500 долари и содржи ласер и лампа за осветлување на видливиот и невидливиот спектар (без специјални очила). Поедноставно кажано, нишанот прави „црвена“ точка на телото на непријателот, како во холивудските филмови.
Оружјето има и придушувач. Не може потполно да се задуши звукот на надзвучните куршуми 5,45, но и покрај тоа повеќекратно ја зголемува незабележливоста на стрелецот за време на специјална операција.
И, што е најважно, оружјето направено за припадникот на „Алфа“ ја сочува најважната особина на автоматот „Калашников“, а тоа е сигурноста. Не му пречат ни валканици и прав, дожд и лапавица, како ни варирање на температурата од -50 до +50 степени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче