„Калашников“ направи нова борбена опрема за спецназот, подобра од „Ратник“

Group 99
Системот е идеален за примена на Арктикот и во Сахара. Борецот во оваа опрема е целосно незабележлив во инфрацрвен спектар.

Концернот „Калашников“ на почетокот на март претстави модуларен систем за носење опрема. Ова иновативно решение е спој на панцирно одело, тактички и скриен носач на опрема.

„За секој мисија е потребна специјална опрема, а модуларниот систем за носење може да биде прилагоден на секоја мисија во сите временски услови во целиот свет. Сеедно е дали тоа ќе биде на Арктикот или во Сахара. Системот е погоден за сите можни услови за водење борбени дејствија“, изјави за телевизијата „Русија 24“ Владимир Онокој, раководител на Одделението за военотехничка соработка.

За операции во цивилка, на пример за прикриено набљудување, компанијата претстави две варијанти на скриен појас со држачи кои на човек во цивилно одело му овозможуваат незабележливо да ја носи целата неопходна опрема.

„За мисии на тешко достапен терен каде што е невозможно да се користи балистичка заштита, имаме два различни тактички елеци во кои може да се носи целата неопходна опрема и муниција, а вкупната тежина да не се зголеми многу“, рече тој.

Доколку во тајна операција е потребна балистичка заштита, постојат две верзии на потенки панцирни елеци кои се носат под јакна или дуксер со качулка.

За вообичаени операции системот обезбедува стандардни рамни тактички елеци со носачи кои можат да се симнуваат и преместуваат со цел подобра распределба на товарот и поудобно носење.

Исто така, постои и зајакнат јуришен панцир со меки панцирни модули за вратот, препоните, рамената и рацете кој обезбедува максимална заштита од шрапнели при експлозија.

„Во моментов системот за носење на опрема го нудиме во маскирни бои, во асфалтна сива и амбер (боја на килибар), така што опремата се претопува со теренот во кој се извршува мисијата“, додаде Онокој.

Ткаенината исто така е специјално обработена така што снајперистот не го гледа војникот во инфрацрвениот спектар. Оваа функција спасува животи во мрак, кога непријателските цели се откриваат со очила за ноќно гледање.

Тоа е комплетен систем што може да се прилагоди на секоја мисија. Ваков мултифункционален систем никогаш не постоел ни во Русија, ни на кое било друго место во светот. Ова е исто така неговата специфична карактеристика.

„Подобар е од „Ратник“, главната борбена опрема на руските војници, бидејќи има поширок спектар на примена и е погоден за работа во сите временски услови“, додава експертот.

Сите информации за системот може да се најдат на веб-страницата на Група 99.

Онокој не можеше да одговори на прашањето како новата опрема на концернот „Калашников“ ќе се избори со конкуренцијата, т.е. со опремата „Центурион“ (друго име „Сотник“), односно со следната генерација на „Ратник“. Сите информации за најопасниот конкурент на „Калашников“ во борбата за статусот на главна опрема на рускиот војник можете да ги прочитате во оваа статија на порталот Russia Beyond.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња