Можете да видите во какви сложени услови работат пилотите – во сите временски услови и во секое време од денот, пишува „Росискаја газета“.
Почетоците на стратешката авијација се со ескадрилите од биплани „Илја Муромец“. Тоа е првата единица со тешки бомбардери во светот, формирана на 23 декември 1914 година. Денес, стратешката авијација е дел од стратешките нуклеарни сили на Воздушно-космичките сили Русија. Во служба се стратешки ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС, бомбардери со долг домет Ту-22М3, авиони-цистерни Ил-78, школски и транспортни авиони за обука со различни модификации.
Според прес-службата на Министерството за одбрана на Русија, оваа година екипажите на стратешката авијација учествуваа во заедничките стратешки вежби „Запад 2021“, руско-узбекистанските вежби, како и во вежби со Северната и Тихоокеанската флота. Тие ја реализираа третата заедничка воздушна патрола во Азиско-тихоокеанскиот регион со екипажи на Военото воздухопловство на Народноослободителната армија на Кина.
Патролирањето не беше лесно, бидејќи беше потребно долго време да се лета над вода, да се помине државната граница и да се лета над НР Кина. Покрај тоа, пилотите постојано извршуваа задачи за патролирање на воздушниот простор на Белорусија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче