Модернизираните супертопови „Малка“ почнаа да пристигнуваат во единиците на руската армија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Концернот „Уралвагонзавод“ му ја испорача на Министерството за одбрана на Русија првата партија самоодни топови 2С7М „Малка“ со калибар 203 мм по капиталното сервисирање и модернизацијата.

Концернот го соопшти ова на својата страница на социјалната мрежа. Самоодното артилериско орудие доби нов менувач и единици за напојување, а беа обновени и уредите за набљудување, како и апаратурата за интерна комуникација и радио-станицата.

„Малка“ е самооден топ 2С7М со голем калибар. Станува збор за модернизирана верзија на орудието 2С7 „Пион“. Наменет е за уништување на непријателски објекти во тактичкиот дострел зад линијата на фронтот.

2С7М спаѓа во самоодните орудија со најголем дострел на светот, но и со најголема маса. Тежи 46,5 тони. Проектилите што ги користи тежат 110 килограми.